Зборник за народни умотворенија, наука и книжнина

Зборник за народни умотворенија, наука и книжнина (бугарски: Сборник за народни умотворения, наука и книжнина) (СбНУНК) е бугарско периодично научно списание.

Голем придонес во афирмирањето на македонската народна култура има и излегувањето на оваа публикација во 1889 г. во Софија, издавана од Министерството за народна просвета на Бугарија. Имено, во ова периодично списание, покрај стручни публикации на бугарските и другите учени од европските земји, се публикувале и разни фолклорни и етнографски материјали од сите краеви на Бугарија, но и од разни предели на Македонија и Одринско (источните делови на Тракија), односно од териториите кои по Берлинскиот конгрес останаа во рамките на Османлиската (Турска) Империја. Нормално, целата оваа работа околу публикувањето на материјали со фолклорна и етнолошка содржина си има и своја политичка заднина, со оглед на фактот што стратешка цел на бугарската држава и црква (Егзархијата) била да го присоединат православното словенско население и териториите на коишто тоа живее, повикувајќи се на наводното историско право на владеење на териториите што некогаш ѝ припаѓале на средновековната бугарска држава.