Запрежна кола
Запрежна кола — дрвено возило вообичаено со две или четири тркала осмислено да го влечат животни.
Историја
уредиПознато е дека запрежната кола била користена во 1 век пр.н.е. и тоа со новитети како што се жици и метални рамки за тркалата. Дури и многу старите примероци имале одлики како што се ротирачка предна оска и клин за прицврстување на тркалото од оската. Во својот суштински облик, запрежните коли се користат околу 2000 години.[1]
Во текот на 9 век биле направени неколку дополнителни подобрувања на телото и конструкцијата, па колите ги замениле двоколките како превозно средство за патници и превоз на долги растојанија. Според својата конструкција, запрежните коли биле потешки, нивното квадратно тело била многу покорисно за превоз на товар и земјоделски производи, а поради четирите тркала биле постабилни и попријатни за возење.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Encyclopaedia Britannica“. Lexikon des gesamten Buchwesens Online. Посетено на 2019-09-21.