Замок Вилхелминенберг
Замокот Вилхелминенберг е поранешна палата која датира од почетокот на 20 век, a сега е хотел со четири ѕвезди, ресторан и конференциски објект. Се наоѓа на источните падини на Галицинберг, во западните делови на Виенервалд на австрискиот главен град Виена.
Замок Вилхелминенберг | |
---|---|
Историја
уредиВо 1780 година, принцот Димитриј Михаилович Голицин, рускиот амбасадор во Виена, го добил шумскиот имот од фелдмаршалот гроф Франц Мориц фон Лаци, кој се наоѓал на врвот на тогашното селото Отакринг. Тој наредил изградба на мал Ловен павилион, кој брзо станал познато по своите друштвени настани. До 1824 година, кога зградата веќе била во лоша состојба, сопственоста на имотот преминала на принц Жулијус де Монтлеарт (1787–1865) и неговата сопруга Принцеза Марија Кристина од Саксонија. Во 1838 година, замокот бил проширен со додавање на две странични крилја.
Кога синот на Жулијус, Принц Мориц де Монтлеарт, го добил имотот по значителни правни борби, го подарил на својата сопруга Вилхелмина (родена фон Арнолд) и го нарекол замокот "Вилхелминенберг". По нивната смрт во 1887 и 1895 година, соодветно, двајцата биле погребани во мал мавзолеј кој бил изграден во "неоготски" стил блиску до замокот. Поради нејзината великодушност кон сиромашните, Вилхелмина де Монтлеарт станала позната како "Ангелот на Отакринг". Во 1895 година, нивниот внук Архивојводата Рајнер Фердинанд од Австрија, син на полу-сестрата на Мориц де Монтлеарт, го наследил имотот.
Во 1903 година, Архивојводата Леополд Салватор го срушил разрушениот замок и во периодот до 1908 година, била изградена палата во стилот на Втората Империја според плановите на архитектите Едуард Фрауенфелд и Игназ Совински. Трошоците за изградбата, вклучувајќи го и паркот и придонесните градежни објекти, изнесувале 1.4 милиони круни.
Во 1918 година, по завршувањето на Првата светска војна, замокот станал воен болнички центар, а потоа бил искористен како центар за рехабилитација на ветераните. Во 1927 година, Градот Виена го купил целиот имот од банкарот од Цирих, Вилхелм Аман, и таму основал дом за сираци. Од 1934 до 1938 година, замокот служел како дом на светски познатиот Виенски машки хор.
По аншлусот на Австрија на нацистичка Германија во март 1938 година, Вилхелминенберг бил конфискуван и пренесен на Австриската Легија, пара-воениот дел од прогонетите австриските национал-социјалисти. Во текот на Втората светска војна, пак бил претворен во воени болнички центар. По завршувањето на војната, Градот Виена ги искористил деловите од зградата за сместување на поранешни затвореници од концентрационите логори, и повторно како дом за сираци. Како училиште со специјално образование за девојки со проблеми со однесувањето функционирало од 1950-тите до 1977 година. После тоа, репрезантативни простории биле отворени за посебни прилики како годишниот Виенски фестивал, но во целост, замокот малку се користел сè до 1988 година, кога бил одново отворен како хотел.
Од мај 2003 година, Вилхелминенберг е класифициран како хотел со четри ѕвезди. Располага со 87 елегантни соби, ресторан и библиотека, тераса која нуди панорамски поглед на Виена, како и парк со површина од 120,000 м2. Во хотелот може да се одржат конференции со до 2,000 учесници.
Вилхелминенберг станал популарна локација за големи свадбени забави и други настани.
Во 2011 година, неколку поранешни затвореници на замокот пријавија масивни и системски случаи на злоупотреба на децата за време на периодот кога замокот бил употребуван како сиропатилиште за девојки. Обвинувањата вклучуваат широко распространета злоупотреба, системско силување, па и убиство. Градските власти на Виена спроведоа истрага која траеше шест години, а суштински заврши во 2016 година, со сумарни исплати на оштета до жртвите во износ од 52,5 милиони евра.
Извори
уредиКлусачек Ц, Стимер К: Отакрин. Од Бруненмаркт до Либхартстал. стр. 121–124. Курт Мохл Верлаг, Виена 1983 година. ISBN 3-900272-37-9
Надворешни врски
уреди- Официјалната веб-страница на Austria Trend Hotel Schloss Wilhelminenberg Архивирана
- Конференциски капацитети во хотелот Schloss Wilhelminenberg
- Веб-страница на градот Виена на Schloß Wilhelminenberg (германски)
- Список на конференциски капацитети - Хотел Schloss Wilhelminenberg Архивирано на 3 март 2016 г.