Закон за авторски права во САД
Законот за авторски права на САД ги регулира законските права на креативните и уметничките дела во САД.
Авторските права во САД се дел од федералните закони, чија основа е дадена од Уставот на САД. Улогатa на државата да ги штити авторските права е обезбедена во членот I, дел 8, став 8 од Уставот, кој вели:
„ | Конгресот ќе има моќ да го промовира прогресот на науката и уметностите, обезбедувајќи им за ограничено време на авторите и пронаоѓачите ексклузивни права на нивните пршани дела и откритија. | “ |
Оваа одредба е основа за законите за авторски права и за патентни права.
Авторските права во САД ги администрира Канцеларијата за авторски права на САД, која е дел од Библиотеката на Конгресот. Повеќе информации за авторските права на САД може да се најдат на Мрежното место на Канцеларијата за авторски права.