Жолт мукач
Жолт мукач (Bombina scabra ) е вид жаба, водоземец кој живее во Национален парк Галичица.[1]
Распространетост
уредиДистрибуцијата на подвидот “scabra” е ограничена исклучиво на Балканскиот Полуостров. За оваа жаба е карактеристично што е изразито акватичен и друштвен водоземец, кој се среќава во плитки, сончеви и најчесто во темпорални води. Како места за мрестење ги користи локвите во отворените шумски терени или во близина на рабовите на шумите, но исто така и во различни типови на стоечки води. Овој вид е исклучително редок над шумската зона (Sidorovska et al., 2006). Жолтиот мукач е главно дневен вид, со исклучок во периодот на парење, кога може да биде активен и во текот на ноќта. Сезоната на парење започнува од крајот на март до мај-јуни. Возрасните единки хибернираат надвор од водната средина.[1]
Во Национален парк Галичица, оваа жаба е со дисјунктивна дистрибуција која е ограничена на мочуришните делови покрај двете езера, планинските извори, како и во темпоралните локви и бари.
Заштита
уредиВидот е Балкански ендемит и е заштитен согласно Европскиот документ „ Директивата за живеалишта 92/43/EEC Анекс II: Животински и растителни видови кои се значајни за Унијата и чија заштита бара определување на посебни подрачја за заштита.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 НП Галичица