Жолтонога многубојка
Жолтонога многубојка е пеперутка од семејството на шаренците. Пеперугата ја има од Источна Европа па сè до Јапонија,а на има и во Македонија.
Жолтонога многубојка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Nymphalis |
Вид: | Жолтонога многубојка |
Научен назив | |
Nymphalis xanthomelas (Denis & Schiffermüller, 1775) | |
Синоними | |
Papilio xanthomelas [1] |
Опис
уредиГорната страна на пеперугата е во портокалова боја. На самите крилја ги има карактеристичните црни дамки со различна форма и големина. Забележителна е бордурата на крилјата. Покрај рабовите има неколку бордури со различна големина, од која најголемата е во црна боја, а помалите во црна и синкаста боја. Телото и антените се кафени. Долната страна на крилјата се кафени, со различна нијанса на темнокафена боја. Наликува на кора на дрво.[2] Распонот на крилјата на пеперутката е од 63 до 68 мм. Ларвите се кранат со растенијата Celtis australis[1], Pistacia integerrima[1], Salix elegans[1] и Salix excelsa[1].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 "Nymphalis Kluk, 1780" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Bingham, C.T. (1905). The Fauna of British India, Including Ceylon and Burma Butterflies. 1 (1. изд.). London: Taylor and Francis, Ltd..
Поврзано
уреди- Nymphalis xanthomelas на Ризницата ?
- Пеперутки во Македонија