Жолта окатка (Pyronia tithonus) е европски вид на пеперутка. Поради поголемиот број на единки во топла клима, ограничената распространетост на видот може да се претпостави дека се должи на климата. Колониите се разликуваат по големина во зависност од достапното живеалиште и може да се движат од неколку десетици до неколку илјади пеперутки.[1]

Физички изглед

уреди

Жолтата окатка е портокалова со две големи кафеави дамки на крилјата и кафеава шема на работ на крилјата. Дамките на предните крилја од нагоре личат на очи, најверојатно оваа одлика придонесува да се заштитат од напади од птици, па затоа жолтата окатка често одмара со отворени крилја. Познати се голем број на невообичаени форми, како што е excessa, каде што примероците имаат две до четири дополнителни точки на предното крило горната страна. Бројот на дамки на долната страна на задното крило исто така варира.[2]

Машката единка има темна дамка на горната страна на предното крило која содржи миризливи лушпи познати како андроконија. Ова е најверојатно за привлекување на женски единки.[3] Не е познато многу за тоа како всушност функционира андроконијата за привлекување на партнер, а хемискиот состав на феромоните е исто така непознат.[4]

Женските единки вообичаено имаат повеќе дамки од машките. Машките единки имаат поблиску поставени дамки на крилата, во споредба со женските, чии дамки се пораспространети преку рабовите на крилата.[3]

Распространетост

уреди

Жолтата окатка најчесто се наоѓа во рабовите на ливади како и во живи огради.

Наводи

уреди
  1. Eeles, Peter. „UK Butterflies - Gatekeeper“. Webifield. Посетено на 3 October 2013.
  2. „UK Butterflies“. Peter Eeles. 2016. Посетено на August 1, 2016.
  3. 3,0 3,1 Merckx, Thomas; Hans Van Dyck (July 2002). „Interrelations Among Habitat Use, Behavior, and Flight-Related Morphology in Two Cooccurring Satyrine Butterflies, Maniola jurtina and Pyronia tithonus“. Journal of Insect Behavior. 4. 15: 541–561. doi:10.1023/a:1016385301634.
  4. Hall, Jason P. W.; Harvey, Donald J. (2002). „A survey of androconial organs in the Riodinidae (Lepidoptera)“. Zoological Journal of the Linnean Society. 136 (2): 171–197. doi:10.1046/j.1096-3642.2002.00003.x.

Надворешни врски

уреди