Живјецки говори
Живјецки говори (познати уште како живјецко наречје) — претставуваат наречје во полскиот јазик карактеристично за населението на Живјец и на неговата околина (Живјецки Регион). Тие се дел од јужномалополските говори, кои, пак, влегуваат во составот на малополскиот дијалект. Говорите на Живјецкиот Регион не биле изделени на дијалектната мапа на Кажимјеж Нич и Станислав Урбањчик, но се споменуваат во описите на говорите на Погорје (Pogórze) и планинскиот појас што го создале овие дијалектолози.
Во говорите на Живјецкиот Регион може да се забележи влијание на соседните горношлезиски говори (звучното старополско „е“, реализирано како „i“ во именките, како и во номинатив и акузатив еднина, среден род, при флексијата на придавки со именки (на пример: zieli, gupi godani); реализацијата на носовките (назалите), кои малку отстапуваат од општополската норма; слабата лабијализација на „o“ во средишна позиција по тврди билабијални и заднонепчени согалски, задржувањето на „ch“ во именките од машки род (во другите граматички родови се менува во „k“)).
Поделба на говорите
уредиВо поглед на фонетиката, Живјецкиот Регион може да се подели на три дела:
- југоисточен дел
- југозападен дел
- северен дел
Оваа поделба произлегува од разнородноста на говорите – реализацијата на носовките (назалите), интензитетот на лабијализацијата на самогласката „o“, преминот на „ch“ во „k“, како и преминот на „ć“ во инфинитивните глаголски форми во „j“. Меѓу другите фактори, исто така, може да се издвои и релјефот на регионот, како и миграцијата на населението поврзано со него.
Библиографија
уреди- mateo.lo-zywiec.pl Архивирано на 29 јануари 2009 г.
- dialektologia.uw.edu.pl
- gwarypolskie.uw.edu.pl Архивирано на 8 мај 2011 г.