Железен волк

појаснителна страница на Викимедија

Железен волк (литвански: Geležinis Vilkas) — митски лик од средновековна легенда за основањето на Вилнус, главниот град на старото Големо војводство од Литванија и модерна Република Литванија.[1]

Железниот волк се користи како заштитен знак од литванската војска (Моторизирана пешадиска бригада железен волк)

Првате материјални спомени се пронајдени во литванските хроники, легендата асоцира и има одредени сличности со Капитолската волчица и ја одразувала желбата на Литванија да ги покаже свооет легендарно потекло од Римското Царство.

Легендата станала популарна за време на ерата на романтичниот национализам.

Денес Железниот волк е еден од симболите на Вилнус, а го користат спортски тимови, литванската војска, извиднички организации и други[2].

Легендата

уреди

Според легендата, војводата Гедиминис (околу 1275 - 1341) ловел во својата шума во близина на Долината на Швентарагис, близу до реката Вилња. Уморен по успешниот лов, Големиот војвода, прноќувал на истото место. Заспал и во сонот, сонувал огромен Железен волк кој завивал како стотици волци. Откако се разбудил, свештеникот му го протолкувал сонот: „Она што е наменето за владетелот и државата Литванија, е Железен волк а тоа значи претставува замок и град што ќе го основате вие ​​на оваа страна. Тој ќе биде главен град на литванските земји и живеалиште на нивните владетели, а славата на нивните дела ќе одекне низ целиот свет “. Затоа, Гедиминас, почитувајќи ја волјата на боговите, го изградил градот и му го дал името Вилнус - од потокот на реката Вилјана[3].

Наводи

уреди
  1. The Legend of the Iron Wolf
  2. „VILNIUS – GELEŽINIO VILKO LEGENDA“
  3. „Lietuvos metraščių pasakojimas apie Vilniaus įkūrimą: mitas ir istorija“. Архивирано од изворникот на 2019-09-05. Посетено на 2020-04-03.