Медицинска етика

(Пренасочено од Етика во медицината)

Медицинската етика пред сè претставува поле на применета етика, наука за моралните вредности и способност која се применува во медицината. Медицинската етика како научна дисциплина ја опфаќа практичната примена на клиничката средина, но и историјата, филозофијата, теологијата и социологијата.

Медицинската етика треба да биде сфатена како применета професионална етика,каде биоетиката опфаќа пошироки сфаќања, а се потпира на филозофија на науката и прашања од областа на биотехнологијата. Овие две полиња често се вкрстуваат, а посебноста претставува повеќе прашање на стил, отколку на професионален консензус. Медицинската етика ги дели своите принципи со други области од здравствената етика, како на пример со етика на негувањето.

Историја

уреди

Историски гледано, западната медицинска етика ја следи обврската на физичарите во антиката како што е на пример Хипократовата заклетва и раните рабински и христијански учења. Во средновековието и во почетокот на новата епоха во ова поле направена е исцрпна анализа од страна на физичари како што се: Исак Бин Али Рахави (Ishaq bin Ali Rahawi – кој ја напиша првата книга посветена на медицинската етика со наслов „Однесувањето на физичарите“) и Мухамад Ибн Закрија Ар-Рази (Muhammad ibn Zakariya ar-Razi), потоа од еврејски мислители како што е Маимонидес (Maimonides), римокатолички схоластичари како што е Томас Аквин (Thomas Aquinas) и детална анализа на католичката морална теологија. Оваа интелектуална традиција продолжува со католичката, исламската и еврејската медицинска етика.

До XVIII и XIX век медицинската етика се појавува како самосвесна расправа. На пример авторотите од доменот на Томас Перцивал (Thomas Percival) пишувале за „медицинска одговорност“ и ја создале фразата „медицинска етика”. Џефри Берлант (Jeffrey Berlant) кој бил еден од критичарите за кодовите на Перцивал, советувањата на физичарите ги сметал како прв пример за неконкурентност. Во 1847 година Американското Медицинско Друштво го усвои првиот етички кодекс, а како основа на кодексот се смета делото на Перцивал. Во 20 век либералниот протестантски пристап беше изразен од мислители како на пример Јозеф Флечер (Joseph Fletcher), a секуларизацијата беше дел од католичката средновековна етика. Според либералната теорија и процедуралната правда во шеесеттите и седумдесттите години на дваесеттиот век поголем дел од расправата за медицинската етика претрпи драматични промени и во поголем дел се реконфигурира во биоетика.

Од седумдесеттите години на дваесеттиот век зголеменото влијание на етиката во современата медицина може да се увиди во зголеменото влијание на Одборот во оценувањето на експериментите врз луѓе, основањето на етички комитети во болниците, поголемата улога на клиничката етика и интегрирањето на етиката во наставната програма во медицинските училишта.

Еден од најстарите документи во историјата на човештвото кој содржи прописи за лекарската одговорност е Хамурабевиот закон (околу 1800 година п.н.е.). Хамурабевиот вавилонски кодекс е пронајден во Суза врз голема камена плоча која е всушност доградба на прастарите сумерски закони. Строгите телесни казни кои се предвидени за кодексот и за најмалите прекршоци сведочат за суровоста на тоа време. Основа на кодексот е концепцијата на вина, зафатена во чисто правни категории и ослободена од секакви правни предрасуди. Во овој законик постоела тарифа за некои хируршки зафати, но биле предвидени и казни за штетни како на пример: губење на видот или постоперативна смрт на болниот.

Во стара Индија строго се казнувал лекарот ако хируршки зафат е причина за смртта на пациентот, но можел да ја избегне одговорноста ако пред операцијата од властите добил одобрување за конкретната операција. Во стариот Египет лекарите морале да се придржуваат кон прописите за лекување од „светата книга“. Во еден од своите записи Плутарх опишува како Александар Македонски наредил да се распне некој лекар, затоа што наместо да лекува пациенти, тој отишол на театарска притстава, а болниот за тоа време останал без лекарка помош и починал.

Како прва позната кодификација на начелата на лекарската етика може да се смета заклетвата што морале да ја полагаат припадниците на здружението на асклепиевците на Стара Грција. Оваа заклетва е позната под името Хипократова, затоа што е зачувана во збирните дела кои му се препишуваат на Хипократ (460 - 377 п.н.е.). Според најновите истражувања се смета дека текстот и припаѓа на Питагорејската филозофска школа. Хипократ ја полагал оваа заклетва, но не ја составил. Во своите суштински делови Хипократовата заклетва ја зачувала вредноста до денес. Во текот на столетијата таа им била патоказ на европските лекари. Во заклетвата се забрануваат абортусот и евтаназијата, што е необично според старогрчките сфаќања. Тие зафати не биле дозволени за лекарот чијашто основна должност била зачувување и продолжување на човечкиот живот.

Хипократ е прв кој ја истакнал важноста на објективното научно набљудување на болниот и кој медицината сосема ја одделил од магијата и религијата и го увидел темелното значење на лекарската етика. Лекарот има само два вида на обврски: спрема болниот и спрема колегите. Философот Платон (427 - 347 п.н.е.) во своето дело за идеална држава подвлекол дека интересите на болниот мора да се подредат на неговите интереси како граѓанин и како припадник на заедницата. Според Платон подобро е неизлечивите болни да се оставаат да умрат, отколку да им се продолжува животот на економска штета на заедницата. Хипократовото и Платоновото гледиште се два екстремни ставови кои нашето време успеа да ги надмине. За Старите Грци била пресудна моралната (етичката) страна на лекарската деонтологија , а Римјаните се интересирале за правните аспекти. Во Дигестите било формулирано правното начело: „Sicuti medico imputari eventus mortalitatis non debet, ito quodeber imperiteam commists, imputari ei debet”. Ова во превод гласи: „...на лекарот не треба да му се препишува одговорноста за смртта на пациентот , туку треба да му се препишува тоа што го пропуштил од незнаење“.

Во средновековното готско право лекарот можел да наплати хонорар само доколку лекувањето било успешно, но ако лекувањето не е успешно тогаш лекарот бил казнуван. Формулата commitis archial гласи: „Од корисните умеења ниедно не дава таква помош како медицината. Во помагањето на болниот таа е постојана како мајчината љубов, се бори против болки и ни помага тогаш кога никакво богатство ни моќ не можат да ни користат. Медицината е умеење што повеќе открива за човекот, отколку што тој знае за себе. Тоа е умеење што го јакне колебливецот, го враќа нарушеното здравје и со мудри предвидувања дава отпор на болеста. Лекарите не смеат да го запуштат своето знаење, туку мора постојано да го прошируваат и да се советуваат со други лекари. Тие свечено ветиле дека ќе го го мразат злото,а ќе го сакаат искреноста и чистотата. Пропуст во обичниот живот може да се прости, но да му се наштети на човековото здравје е злосторство еднакво на убиство.“

Во стара Кина, во делото „Илјада златни векови“ Сун-Су-Мијао (581 - 673 п.н.е.) ги опишал етичките обврски на лекарот. Неговите формулации потсетуваат на Хипократовата заклетва, но веројатно настанале без влијание на грчката филозофија. Неговите формулации потсетуваат на Хипократовата заклетва која влијаела врз арапските и латинските погледи на етиката и врз писателите и лекарите во средниот век. Во првите медицински школи (Салерно, Монтепелиер, Болоња) се воведува заклетва која е всушност Хипократовата заклетва во христијанско руво. Од деонтолошки аспект е значајна молитвата на еврејскиот лекар Асаф. Оваа средновековна традиција ја продолжил лекарот Аматус Лузитанус (1511-1568) кој го завршил делото „Curationum medici-nalium centurial septem“ со прикажување на своите етички начела. На поранешните југословенски простори првите законски прописи за лекарите се наоѓаат во статутите на далматинските и истарските градови. На Конгресот на меѓународните сојузи на лекарските друштва е заклучено дека Хипократовата заклетва треба да се приспособи кон денешните потреби, а посебно кон наднационалните концепции за моралните обврски на лекарот. Со тоа е изработена нова заклетва која е наречена „Женевска формулација на Хипократовата заклетва”.

Сојузот на лекарските друштва на поранешна С.Ф.Р. Југославија ја прифатија Женевската конвенција, така што таа беше обврска и за нашите лекари. Сојузот изработи и Кодекс на лекарска етика која ги изразува не само современите потреби на медицинската етика туку и промените во социјалното уредување на општеството. Овој кодекс важеше сè до прогласувањето на самостојноста на Република Македонија, на 08. 09. 1991 година, а на 05. 06. 1992 година беше донесен „Кодексот на медицинска деонтологија“ од лекарската комора на Република Македонија.

Идејата за хуманоста, како што се појавува во женевската формулација не била позната во Стариот Свет. Како што лекарите од антиката ја вршеле својата должност во името на боговите, така од денешниот лекар се бара да се жртвува во името на хуманоста. Поединецот има обврска кон општествената заедница, но и заедницата има обврска кон поединецот. Промената на општествените односи неминовно доведува до нови сфаќања за основните должности на лекарот, но исто така му се наметнува и исполнување на социјалната функција на медицинската струка.

Вредности на медицинската етика

уреди

Шест вредности кои вообичаено се применуваат во медицинската етика се:

  • Автономија – пациентот има право да го одбие или да го одбери своот третман (Voluntas aegroti suprema rex).
  • Добротворност – лекар од општа пракса треба да постапува за доброто на пациентот (Salus aegroti suprema lex).
  • Правичност - распределба на недостатокот на здравствени услуги и одлука каков третман секој пациент треба да добие (правичност и еднаквост).
  • Достоинство - пациентот (и здравственото лице кое го негува пациентот) имаат право на достоинство.
  • Искреност и чесност

Вредностите како што се овие не даваат одговор како да се однесува лекарот во одредена ситуација,туку обезбедуваат корисна рамка за разбирање на конфликтите.

Кога моралните вредности се судираат тогаш се добива етичка дилема или криза. Не постои добро решение во случај на дилема во медицинската етика, а понекогаш вредностите на медицинската заедница (на пример болницата и персоналот) се судруваат со вредностите на пациентот, со вредностите на неговото семејство или пак со вредностите на општествената заедница. Конфликтите исто така можат да се појават помеѓу тие кои ја обезбедуваат здравствена нега или помеѓу членовите на семејството. Некои сметаат дека принципите на автономијата и принципот добротворност се судруваат доколку пациентот одбие трансфузија на крв, а кажувањето на вистината не беше толку нагласено пред епохата на ХИВ (HIV).

Автономија

уреди

Принципот автономија ги признава правата на поединецот за самоопределување. Вкоренето е во општествената свест дека поединецот е способен да донесува одлуки за личните прашања. Автономијата стана поважна откако социјалните вредности се променаа во смисла на дефинирање на медицинскиот квалитет, односно дека резултатите се поважни за пациентот, отколку медицинскиот персонал. Растечката важност на автономијата се смета за социјална реакција на „патерналистичката“ традиција во здравствената нега. Почитувањето на принципот автономија е основа за општа согласност.

Автономијата е главен показател за здравјето. За многу болести карактеристичен е недостатокот на автономија и тоа на неколку начини. Автономијата е показател за лична благосостојба и благосотојбата на здравственото лице. Тоа има влијание врз медицинската етика, а треба да се одговори на прашањата : дали цел на здравствената нега е да лекува или да профитира?“ или „дали цел на здравствената нега е да негува и здравствените работници и општеството да профитираат од тоа?“. (Етиката се обидува да воспостави рамнотежа помеѓу активностите на поединецот и нивното влијание врз заедницата.)

Ако ја сметаме автономијата за главен принцип на здравствената нега, тогаш и од медицинска и од етичка гледна точка двете профитираат од индиректното упатување на здравјето.

Добротворност

уреди

Поимот добротворност се однесува на дејствата со кои се потпомогнува благосостојбата на другите. Во медицинска смисла тоа значи преземање зафати кои ќе служат за доброто на пациентите. Сепак не постои точна дефиниција со кои зафати всушност му помагаат на пациентите.

Џејмс Чајлдлес (James Childless) и Том Боучамп (Tom Beauchamp) во „Принципите на биомедицинската етика“ (1978) ја споменуваат добротворноста за една од суштинските вредности на етиката на здравствената нега. Некои интелектуалци, како на пример Едмунд Пелегрино (Edmund Pellegrino) сметаат дека добротворноста е единствениот основен принцип за медицинската етика. Тие сметаат дека лекувањето треба да биде единствената цел на медицината и дека естетската хирургија, контрацепцијата и евтаназијата не припаѓаат во нејзиниот домен.

Неповредливост

уреди

Концептот за неповредливост е олицетворение на фразата: „прво, не повредувај“ или на латински primum non nocere. Многумина сметаат дека главно или примарно цел е да не го повредите вашиот пациент. Ова делумно се однесува на лекарите од општа пракса кои се склони на третмани за кои сметаат дека ќе донесат добри резултати за пациентот без претходно да проценат дали ттетманот ќе биде позитивен за пациентот или не. Како резултат на тоа голем број на пациенти биле повредени. Не само што е важно да не повредуваш отколку да лекуваш, туку и да се земе предвид дали постои можност вашиот третман да има негативни последици за пациентот. Лекарите од општа пракса не треба да им препишуваат лекови на пациентите за кои сметаат дека постои можност да бидат штетни по здравјето за пациентот. Тој или таа (лекар од општа пракса) не треба да препишуваат лекови (или на друг начин да го лекуваат пациентот) освен ако тој или таа (пациентот) знаат дека третманот нема да биде штетен за пациентот или доколку пациентот ги прифаќа ризиците или позитивното влијание од третманот, во случај позитивното влијание да ги надминува можните ризици.

Сепак постојат многу третмани кои предизвикуваат негативно влијание. Во некои случаи како на пример во тешки ситуации каде без третман пациентот ќе биде со сериозни последици, практикувањето на ризичните третмани ќе биде оправдано, затоа што ако не се лекува пациентот, тогаш веројатно ќе го повредите пациентот. Принципот за неповредливост не е апсолутен и мора да се балансира со принципот добротворност.

„Неповредливоста“ e дефинирана според нејзиниот културен контекст. Секоја култура има свој културолошки дефиниции за „доброто“ и „лошото”. Овие дефиниции зависат од степенот на кој културата ги поставува културните вредности наспроти природата. Во некои култури поимите „добро“ и „лошо” не постојат. За нив овие зборови немаат значење, затоа што не ги издвојуваат од природата. Други култури пак ги доведуваат луѓето во интеракција со природата, други пак ги поставуваат луѓето да доминираат со природата. Религиите се главна причина за нивното изразување.

Во зависност од културолошкиот консензус (изразен од религиозниот, политичкиот и социјалниот систем) се разликуваат правните дефиниции за неповредливоста. Прекршувањето на неповредливоста е предмет на судски процес за злоупотреба на службена должност. Тоа значи дека одредбите се менуваат со текот на времето.

Двостран ефект

уреди

Некои зафати преземени од лекарите од општа пракса можат да донесат позитивни резултати, но исто така можат ненамерно да донесат и предвидлива штета. Комбинацијата од двата случаи е позната како „двостран ефект“. Најчесто користен пример за овој феномен е употребата на морфиум за усмртување на пациентот. Употребата на морфиумот може да ја намали болката и страдањето на пациентот, но симулира забрзување на смртта преку задушување на респираторниот систем.

Судири помеѓу автономијата и добротворноста/неповредливоста

уреди

Автономијата доаѓа во судир со добротворноста во случај кога кога пациентите не се согласуваат со советите кои им ги даваат здравствените работници и за кои сметаат дека се за здравјето на пациентот. Кога интересите на пациентот ќе се судрат со благосостојбата на пациентот, тогаш општества ги решаваат конфликтите на повеќе начини. Општо земено западната медицина се разликува во тоа што ментално стабилниот пациент донесува сам одлуки, дури и во случаи кога медицинскиот тим смета дека тоа не е вистинската одлука. Сепак во многу други општества му се дава предност на добротворноста, па на автономијата.

Тоа вклучува и примери кога пациентот одбива лекување поради религиозни или политички причини. Има и случаи кога пациентот или негоите роднини сакаат да го прекинат животот на пациентот во случај на евтаназија , но исто така ако пациентот сака лекување кое не е потребно како што е случајот со хипохондријата. Лекарот му дава предност на принципот автономија, затоа што одбивање на лекувањето може да го наруши односот помеѓу пациентот и лекарот.

Капацитетот на пациентот за донесување на одлуки треба да се преиспита за време на решавање на спорот помеѓу автономијата и добротворноста. Замената на медицинската одлука претставува продолжување на принципот автономија.

Евтаназија

уреди

Некои американски лекари од општа пракса сметаат дека принципот неповредливост не ја исклучува примената на евтаназијата. Веројатно најдобар пример за прекршување на формалната изјава за неповредливост е лекарот Џек Кеворкиан (Jack Kevorkian) кој во 1998 година беше обвинет за убиство од втор степен, а тоа следување по прикажување на активна евтаназија во емисијата „60 минути”. Во некои земји евтаназијата е прифатена како стандардна медицинска постапка, а правните регулации ја поврзуваат со медицинската дејност. Во тие земји целта е да се ублажуваат болките на пациентите кои се болни од болести за кои нема лек. „Primum no Noncere“ се заснова на сфаќањето дека доколку не постои можност медицинскиот експерт да понуди помош доаѓа до секојдневно страдање на пациентот. „Да не се презема зафат” се смета за предизвикување на поголема штета, отколку активно олеснување на болката на пациентот. Очигледно можноста за да се помогне зависи од ограничувањето на постапките кои треба да ги преземи лекарот од општа пракса. Овие ограничувања се карактеристични за начинот на лекување и правниот систем во заедницата. Целта на „неповредливоста“ е сѐ уште иста. Во случаи кога не постои лек на лекарот од општа пракса му се дава одговорноста да му помогне на пациентот со намерно и активно олеснување на болките.

Општа согласност

уреди

Општа согласност во етиката се однесува на идејата дека пациентот мора да биде информиран и да ги разбере можните придобивки и ризици за избраниот третман. Доколку пациентот не е доволно информиран постои ризик тој да направи избор со кој нема да се одразуваат неговите или нејзините вредности или желби. Тоа не значи процес на добивање согласност, ниту пак специфични правни барања кои варираат од земја во земја. Пациентот може да одбери дали самиот ќе донесува здравствени одлуки или ќе му ја предаде должноста на друго лице за донесување на одлуки. Ако пациентот не е во можност да донесе одлука, тогаш според законот се назначуваат различни процеси за добивање на општа согласност. Обично се поставува личност од страна на пациентот или негов најблизок роднина да донесе одлука во негово име. Општата согласност како вредност е поврзана со автономјата и кажувањето на вистината.

Доверливост

уреди

Под поимот доверливост најчесто се означува дискрецијата во разговорите помеѓу лекарот и пациентот. Овој концепт е познат како привилегија помеѓу пациентот и лекарот од општа пракса.

Правната заштита во Америка се гарантира според ХИПАА (HIPAA) законите, особено правилото за дискреција (Privacy Rule) и други државни закони, а кои дел од нив се построги и од законите на ХИПАА. Сепак се направени повеќе исклучоци. Голем број на држави бараат од лекарите од општа пракса да ја известат полицијата доколку примат пациент со прострелни рани, аисто така што ги пријават возачите кои имаат оштетен вид во Министерството за моторни возила (Department of Motor Vehicles). Доверливоста е вклучена и во случаи кога е дијагностицирана сексуално пренослива болест кај пациент кој одбива да му ја открие дијагнозата на партнерот,но исто така и при прекинување на бременоста на малолетно лице без знаење на родителите. Во Соединетите Американски Држави постојат закони според кои здравственото лице мора да ги извести родителите, доколку малолетното лице изврши абортус.

Медицинската етика ја смета доверливоста како релативно непренослив принцип на медицинската пракса. Критичарите, како на пример Јакоб Апел (Jackob Appel) се изјаснуваат за понијансиран пристап до признавање на потребата за флексибилност.

Критика кон оксната медицинска етика

уреди

Се смета дека конвенционалната медицинска етика е тенденциозна и дека е рамка во која поединците едноставно не се слободни да склопуваат договори едни со други, за да го обезбедат медицинскиот третман кој е потребен. Бидејќи голем дел од медицинската нега обично се обезбедува преку социјалната држава и бидејќи има правни ограничувања каков третман може да биде обезбеден за секој пациент и од страна на кого, мора да постои разграничување помеѓу желбите на пациентот од една страна и препораките на здравствените лица од друга страна. Тасано (Tassano) се сомнева дека добротворноста во некои случаи има предност над автономијата. Тој смета дека нарушувањата на автономијата почесто ги одразуваат интересите на државата отколку интересите на пациентите.

Значењето на комуникацијата

уреди

Повеќето таканаречени „етички недоразбирања“ во медицинската етика се должат на недоволната комуникација. Прекинувањето на комуникацијата води кон недоразбирања помеѓу пациентот и здравствениот тим, помеѓу членовите на семејството или помеѓу членовите на медицинската заедница. Таквите прекини на комуникација треба да се избегнуваат , а одредени „ненадминливи“ етички проблеми можат да се решат со отворен разговор.

Контрола и одлука

уреди

За да се осигура дека се применуваат соодветните етички вредности во болниците, болничкото акредитирање бара да бидат земени предвид етичките почитувања. Тоа ќе биде постигнато на пример со почитување на интегритетот на лекарот од општа пракса, конфликт на интереси, научноистражувачката етика и етиката за пресадување на органи.

Насоки

уреди

Постојат некоку етички насоки. На пример Декларацијата од Хелсинки (Declaration of Helsinki) се смета за авторитативна во областа на научноистражувачката етика. Во Обединетото Кралство, Генералниот Медицински Совет (General Medical Council) овозможува пред сè современ советник во форма на изјава која се вика „Добра Mедицинска Пракса“. Други организации како на пример Медицинското Друштво за Заштита (Medical Protection Society) и голем број на катедри се советуваат со британските доктори во врска со прашања од етиката.

Етички комитети

уреди

Обично само комуникција не е доволно за да се реши конфликт и мора да се свика етичкиот комитет во болницата за да се реши проблемот.

Овие тела се состојат пред сè од здравствени лица, но во нејзиниот состав може да има и филозофи, лаици и свештени лица. Во многу делови од светот нивното присуство се смета за задолжително, со цел да се одржи балансот во етичките комитети.

Очекуваниот состав на таквите тела во Соединетите Американски Држави, Европа и Австралија го применува следното.

Препораките на Соединетите Американски Држави велат дека Одборите за Истражување и Етика (Research and Ethical Boards) треба да се состојат од пет или повеќе членови, вклучувајќи барем еден научник, еден лаик и една личност која не е поврзна со институцијата. Одборите за Истражување и Етика треба да се состојат од луѓе од областа на правото и да се запознаени со стандардите за пракса и професионално раководење. Според протоколот посебно ќе се разгледуваат проблемите на хендикепираните и инвалидизирани лица.

Европскиот Форум за Добра Клиничка Пракса (The European Forum for Good Clinical Practice) предлага Одборите за истражување и етика да вклучат двајца лекари од општа пракса кои имаат работно искуство во областа на биомедицинските истражувања и да не работат во институцијата каде што ќе се одвиваат истражувањата. Да биде вклучен еден лаик, еден адвокат, едно помошно медицинско лице на пример: медицинска сестра или фармацевт. Тие за кворум препорачуваат лица од двата пола со цел одразување на културолошкиот склоп во локалната заедница.

Препораките на Австралискиот Комитет за здравствена етика беа насловени „Општо Членство за Институционалните Етички Комитети“. Пожелно е претседателот да не е вработен или на било кој друг начин поврзан со институцијата. Треба да биде вклучена и личност која има знаење и искуство во професионалната нега, советување или лекување на луѓе, потоа духовно лице или негов еквивалент, како на пример Абориџинскиот старешина (службеник во Презвитеријанската црква ) , лаик, адвокат и медицинска сестра.

Задачите на филозофите или на религиозното лице го одразуваат значењето на општеството кога се вклучени основните вредности.

Културолошки проблеми

уреди

Културолошките разлики можат да направат етички проблеми во медицината. Некои општества веруваат во спиритуалните или магичните теории за создавањето на болеста и не е возможно да се споредуваат овие верувања со принципите на западната медицина.

Кажување на вистината

уреди

Некои општества не обрнуваат внимание за информирањето на пациентот за дијагнозата, особено кога е дијагностициран рак. Сè до 1970 година дури и американското општество не го нагласува кажувањето на вистината, во случај кога е дијагностициран рак. Во здравството во Америка принципот општа согласност има приоритет над другите етички вредности, а лекарот треба да им ја кажи дијагнозата на пациентите. „Дали да му се каже вистината на пациентот или не?“ во современата лекарска практика претставува една од етичко деонтолошките дилеми кај инфаустно билните пациенти. Едностраното прифаќање на едното или на другото гледиште има вкрстени т.е. позитивни и негативни страни.

Правниците и моралистите имаат свој принцип и го отфрлаат лажењето, иако тоа е направено со благородни цели. За овој став се залагаат и многу лекари кои сметаат дека премолчувањето на вистината за болеста на пациентот нема морална оправданост и дека пациентот има морално право да ја дознае вистината за својата болест.

За да не бидат лекарите во постојана дилема може да се каже дека судската практика стои на ставот дека на пациентот треба да му се каже вистината, но на лекарот останува да донесе одлука дали ќе го направи тоа или не. Морално е да се избегнуваат лаги, но ако тоа е во интерес на пациентот, ова морално правило може да се прекрши ако лекарот проценил дека доколку се скрие вистината за болеста,тоа би помогнало во совладувањето на болеста.

Законските, етичките и деонтолошките начела во овој поглед даваат малку конкретни упатства,па одлуката дали да му се каже вистината на пациентот се препушта на слободната проценка на лекарот, на неговата тактичност и на совеста.

Во нашата земја многу ретко е пишувано за оваа проблематика. Дециден став за ова прашање не постои, но се претпочита ставот на лекарот или на лекарите, по однос на неговата одлуката. Во Соединетите Американски Држави ставот е дека на пациентот треба да му се каже вистината, затоа што пациентот има морално право да ја знае состојбата во која се наоѓа.Исто така се смета дека пациентот е своја личност, со свој индивидуалитет и е самосвесен за своето здравје, болест и смрт.

Судир на интереси

уреди

Лекарите од општа пракса не смеат да дозволат судирот на интереси да влијае на медицинската проценка. Во некои случаи тешко е да се избегнат конфликти, а лекарите имаат одговорност да ги избегнуваат таквите ситуации. Сепак истражувањето покажа дека судирот на интереси е честа појава.