Мрежен разводник

(Пренасочено од Етернет разводник)

Мрежниот разводник, активен разводник, етернетски разводник, повторувачки разводник или само разводник (англ. Ethernet/active/network/repeater/multiport hub) е уред кој се користи за поврзување на повеќе етернетски уреди заедно во еден мрежен сегмент, користејќи телефонски кабли или оптички кабли. Разводникот работи на физичкиот слој (1 ниво) од OSI моделот. Разводникот е еден вид на повеќепортен повторувач. Повторувачките разводници исто така учествуваат во откривањето на судири, па доколку се открие судир, разводникот праќа сигнал на заплетување до сите негови порти.

Етернетски разводник со четири порти

Разводниците најчесто доаѓаат со "BNC" и/или "Attachment Unit Interface" (AUI) приклучоци за да се овозможи поврзување со 10BASE2 или 10BASE5 мрежни сегменти. Достапноста на евтините мрежни преклопници ги отфрли од употреба разводниците, но тие сè уште може да се видат во постари мрежни инсталациии и во повеќе специјализирани апликации.

Технички информации

уреди

Мрежниот разводник е прилично несофистициран емитувачки уред. Разводникот не раководат со сообраќајот кој поминува низ нив, така што секој пакет што влегува во некоја од портите се регенерира и се препраќа надвор до сите останати порти. Бидејќи секој пакет се испраќа преку сите други останати порти, судирите со пакети во голема мера го отежнуваат протокот на сообраќај.

Потребата за хостовите да можат да откријат судири, го ограничува бројот на разводници и воедно и на вкупната големина на мрежата изградена со користење на разводници, додека пак преклопниците ги немаат овие ограничувања. За мрежи од 10 Мбит/с изградени со користење на повторувачки разводници, треба да се внимава на правилото „5-4-3“: до 5 сегменти, 4 разводници се дозволени помеѓу било кои две крајни станици. За мрежи од 100 Мбит/с, границата е намалена на 3 сегменти, односно 2 разводника помеѓу било кои две крајни станици. Некои разводници од производителот имаат специфични порти, што им овозможува да се комбинираат на начин на кој се овозможува користење на повеќе разводници, отколку едноставно поврзувањето преку етернетски кабли, но дури и така, за голема брза етернетска мрежа подобро решение ќе биде со користење на преклопници за да се избегне границата на поврзани разводници.

Повеќето разводници ги откриваат типичните проблеми, како на пример претерани судири и jabbering на поединечни порти, па се врши исклучување на истите од заедничкиот медиум. Па така, етернетска мрежа на основа на разводници е генерално повеќе робусна отколку етернетска мрежа на основа на коаксијални кабли (пр. 10BASE2), каде некој уред со неконстантно однесување може негативно да влијае на целата мрежа. Дури и ако не се поделат автоматски, разводникот ги поедноставува настанатите проблеми бидејќи тие ја отстрануваат потребата за соочување на грешки на долг кабел со повеќе славини; статусните светла на разводникот можат да укажат на можните проблеми или на можните извори на проблеми или пак како последно средство, уредите може да бидат исклучени од разводникот многу полесно отколку од уреди поврзани со коаксијален кабел.

Разводниците се класифицирани како слој 1 (физичкиот слој) уреди во OSI моделот. Кај физичкиот слој, разводниците имаат мала поддршка во однос на уредите кои работат во софистицираните мрежи. Разводниците не ги читаат податоците кои поминуваат низ нив и не се свесни за нивниот извор или одредиште. Разводникот едноставно прима дојдовни етернетски рамки, регенерира електричен сигнал и ги емитува овие пакети до сите други уреди во мрежата.

Двојно брз разводник

уреди

Во раните денови на брзиот етернет, етернетските преклопници биле релативно скапи уреди. Разводниците страдале од следниот проблем, ако имало некои 10BASE-T уреди поврзани во мрежата, тогаш целата мрежа морала да работи на 10 Мбит/с. Затоа било развиено решение меѓу разводник и преклопник, познато како двојно брз разводник. Овие уреди се состојат од внатрешен две-портен преклопник, поделувајќи на сегменти од 10 Мбит/с и 100 Мбит/с . Уредот обично се состои од повеќе од две физички порти. Кога мрежниот уред станува активен на било која од физичките порти, уредот може да се закачи на било кој од сегмент од 10 Мбит/с или 100 Мбит/с, односно како што е соодветно. Ова ја спречува потребата за сите-или-ништо миграцијата на брзите етернетски мрежи. Овие уреди се сметаат за разводници, бидејќи сообраќајот помеѓу уредите поврзани на иста брзина не е вклучен.

Користење

уреди

Во историјата, главната причина за купување на разводници, а не на преклопници била нивната цена. Овој мотиватор во голема мера е елиминиран со намалување на цената на преклопниците, но разводници сè уште може да бидат корисни во посебни околности како:

  • За вметнување на „протоколен анализатор“ во мрежниот привклучок, додека разводникот е алтернатива на "network tap" или "port mirroring".
  • Кога преклопникот е достапен за крајните корисници да воспостават врска, односно на пример, во конференциска сала, неискусен или безгрижен корисник (или диверзант), може да ја прекине мрежата преку поврзување на двете порти заедно, предизвикувајќи јамка. Ова може да се спречи со користење на разводник, каде што јамката ќе ги прекине останатите корисници на разводникот, но не и во остатокот на мрежата. Оваа опасност, исто така, може да се избегне со користење на преклопници кои можат да откријат и да се справат со јамки, на пример, преку спроведување на "spanning tree protocol".
  • Еден разводник со 10BASE2 порта може да се користи за поврзување на уреди кои го поддржуваат само 10BASE2 во современите мрежи. Истото важи и за поврзување на стар 10BASE5 мрежен сегмент со користење на AUI порта на разводнкот (поединечните уреди, кои беа наменети за "thicknet" можат да бидат поврзни со современиот етернет со помош на AUI-10BASE-T, трансивер).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди