Етереум (англиски: Ethereum) — втора најголема платформа за криптовалути по пазарна капитализација по биткоинот. Етереумот е со отворен код и се заснова на блокверижна технологија. Како и биткоинот, етереумот е децентрализирана мрежа и не е контролирана од централна организација, која овозможува анонимни плаќања преку семрежјето без потреба од банка или трета страна.[1]

Кратенката ETH и грчката буква Xi Ξ се користат за означување на единиците за размена на етереум. Нејзините делови имаат свои имиња: 1/1000 - фини, 1/106 - сабо, 1/1018 - веј.

Рударењето на етереум е слично на рударењето биткоини, но кога се решава блокверигата, рударот заработува етереум.

Една од главните одлики на етереумот се паметните договори. Паметните договори на етереумот ги извршува виртуелната машина етереум (Виртуелна машина Ethereum).[2] Како и секоја друга криптовалута, етереумот може да се купи, продаде, плати и разменува. Технологијата етереумот овозможува снимање трансакции со кое било средство на дистрибуирана основа во договори од типот на блокверига без користење на традиционални правни процедури. За разлика од биткоинот, етереумот е неограничен во обезбедувањето со криптовалути. Ова значи дека криптовалутата може да биде во состојба на инфлација.

Етереумот активно се тргува на берзите за криптовалути. Неговата вкупна капитализација во февруари 2021 година надминала 180 милијарди долари.[3]

Разни организации покажале интерес за платформата, меѓу кои Microsoft, IBM, JPMorgan, Chase.[4] Bloomberg Businessweek тврди дека софтверот дистрибуиран од етереум може да го користи секој што бара заштита од неовластена интервенција. Можете безбедно да работите со некој што не го познавате бидејќи условите се наведени во паметен договор вграден во блокверигата.[5]

Наводи

уреди
  1. „Transactions as anonymous as cash are now possible on Ethereum“. finance.yahoo.com. Посетено на 2021-07-04.
  2. „Top cryptocurrencies by value in 2021: Bitcoin, Ether and more“. techradar.com. Посетено на 2021-07-04.
  3. „Ether Total Supply and Market Capitalization Chart“. etherscan.io. Посетено на 2021-07-04.
  4. „Ethereum, a Virtual Currency, Enables Transactions That Rival Bitcoin's“. nytimes.com. Посетено на 2021-07-04.
  5. „This Is Your Company on Blockchain“. bloomberg.com. Посетено на 2021-07-04.