Есеи за позитивната економија

Есеи за позитивната економија (англиски: Essays in Positive Economics) - книга на американскиот економист Милтон Фридман од 1953 година. Книгата содржи еден нов текст, „Методологијата на позитивната економија“ и десет претходно објавени трудови.

Содржина

уреди

Книгата се состои од четири дела:[1]

  • Вовед (Introduction)
„Методологијата на позитивната економија“ („The Methodology of Positive Economics“)
  • Теорија на цените (Price Theory)
„Маршалската крива на побарувачката“ („The Marshallian Demand Curve“)
„Ефектите на данокот на доход и на акцизата врз благосостојбата“ („The ‘Welfare’ Effects of an Income Tax and an Excise Tax“)
  • Монетарна теорија и политика (Monetary Theory and Policy)
„Ефектите на политиката на потполна вработеност врз економската стабилност: Формална анализа“ („The Effects of a Full-Employment Policy on Economic Stability: A Formal Analysis“)
„Монетарна и фискална рамка за економска стабилност“ („A Monetary and Fiscal Framework for Economic Stability“)
„Аргументите за флексибилни девизни курсеви“ („The Case for Flexible Exchange Rates“)
„Валута со резерви во стоки“ („Commodity-Reserve Currency“)
„Дискусија за инфлаторниот јаз“ („Discussion of the Inflationary Gap“)
„Коментари за монетарната политика“ („Comments on Monetary Policy“)
  • Коментари за методот (Comments on Method)
„Ланге за ценовната флексибилност и вработеноста - Методолошка критика“ („Lange on Price Flexibility and Employment – A Methodological Criticism“)
„Лернер за Економијата на контролата“ („Lerner on the Economics of Control“)

Осврт кон делото

уреди

Книгата „Есеи за позитивната економија“ била предмет на неколку рецензии, објавени во познати списанија. Така, во списанието Economica, Питер Њуман (Peter Newman) ја опишал книгата како „стимулативна, провокативна... но вредна за читање.“ Во рецензијата објавена во Political Science Quarterly, К. Е. Боулдинг (K. E. Boulding) ги споредува ставовите на Фридман со северен ветар против претенциозните сфаќања во модерната економија, но со искрена почит кон научната објективност. Најпосле, во Review of Economics and Statistics, Вилијам Баумол (William J. Baumol) ја оценува книгата како „сигурно едно од најсеопфатните изданија што се појавиле во поново време во економската теорија“.[2]

Наводи

уреди
  1. Milton Friedman, Essays in Positive Economics. Chicago: University of Chicago Press, 1953.
  2. Milton Friedman, Essays in Positive Economics. Chicago: University of Chicago Press, 1953.