Ерменски поговорки
Ова е список на ерменски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.
Поговорки
уреди- Денешниот збор е утрешен мост.
- Кога меѓу луѓето не би имало магариња, цената на вистинските магариња би нараснала до баснословни износи.
- Куќа без жена - воденица без вода.
- Мечката рекла: „Од никого не се плашам, освен од двајца браќа!“
- На гладната мачка глушецот нема да и помогне.
- Полесно ќе направиш дупка во вода, отколку да извлечеш пари од скржавец.
- Попот дознава што е смртта дури откако попадинката ќе умре.
- Синчето се држи со две раце, а ќерката со една.
- Страдањата биле дадени на карпите, но тие не издржале, па им ги препуштиле на луѓето.