Епикурејство
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Епикурејство — филозофска школа која се темели врз учењето на Епикур.
Епикур (341-270 п.н.е.) е роден на островот Самос. На 35 години се преселил во Атина каде ја основал својата школа во предградието на Атина. Тој школата ја нарекол „Градина“. Школата постоела повеќе од 800 години, била центар на античкиот материјализам и атеизам. На вратата на Градината имало натпис „Гостину, ќе ти биде добро овде, овде задоволството е најголемата среќа“. Тоа е втората школа во хеленистичката филозофија. И според нејзиниот основач-Епикур, наречена е епикурејска школа. Таа се надоврзала на идеите на Демокрит и на Киренската школа на Сократовиот следбеник Арисип, која развиваше психологија и етика на уживањето.
Филозофијата на Епикур има три дела: Каноника, Физика и Етика. Според Епикур, задача на филозофијата е на луѓето да им помогне во нивните душевни страдања, да им ја разведри душата; филозофијата е „дејност која со размислување и истражување реализира среќен живот“.
Канониката е теорија на сознанието и служи за да се определат канони (норми) на сознанието, мерила за она што е вистинито и невистинито. Епикур не го интересираат математиката и логиката, тој го слуша само гласот на природата. Затоа основи на сознанието се сетилното сознание и чувствата- кои покажуваат како да се однесуваме кон впечатоците: ако ни носат задоволство-тие се вистински, ако ни носат болка- тие се лажни.
Канониката е основа на физиката на Епикур, за неговото атомистичко учење, кое е слично на она на Демокрит.
И двете науки служат како вовед во етиката, чија смисла е филозофијата да им помогне на луѓето вонивните духовни страдања.
Етиката на Епикур за основна цел го има обучувањето на човекот да биде среќен, за што треба правилно да се одбере предметот на стремежот. Човекот треба да се стреми кон задоволство, а да избегнува страдања и тие задоволства, кои водат до страдање. Контролата над изборот на задоволството му припаѓа на разумот. Конечната цел на мудриот е достигнување на блажен живот, кој се состои во ослободување на телото од страдање и душата од збунување. Важен услов за среќата е да се живее неприметно. Како што кажа подоцна германскиот драматург Брехт: „На хероите им требаат многу мали луѓе за своите подвизи, а за малиот човек најважно му е да го избегне учеството во овие подвизи".