Епафродит (Έπαφρόδιτος) ― македонски христијанин од Филипи, близок соработник на апостол Павле.[1] Тој е еден од Седумдесет апостоли, кого како светец го слават и православната и католичката црква. Бил прв апостол во Мала Азија.

Апостол Епафродит

Епафродит е познат како помошник при мисијата на Апостол Павле (Филипјани 2:25 и 4:18). Познато е дека вредно работел на таа задача, поради што го изгубил и здравјето. Според зборовите на Павле: „Болен е, и скоро ќе умре“. Но, тој се опоравил, и Павле го испратил назад во Филипи. Во своето Послание до Филипјаните Павле ги теши неговите пријатели, кои чуле за неговата тешка болест и моли за него, Црквата да го прими со радост (Филипјани 2,29).

Како виден градски првенец и ревносен христијанин, после евангелистот Лука, бил поставен лично од апостолот Павле на чело на Филиписката христијанска општина. Според црковното предание, тој бил првиот епископ на Филипи.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 176. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)