Елена Ставревска ― македонска научничка за мир и истражувач. Таа е докторантка по политички науки (2017) и магистер по меѓународни односи и европски студии (2008) на Средноевропскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпешта.

Претходно работела како постдокторска соработничка на колеџ Бард Берлин (2017-2018), координаторка на пакет за работа и истражувачка на проектот, Култури на управување и решавање конфликти во Европа и Индија (2011-2013) и асистентka за настава на ЦЕУ (2010-2011). За време на нејзините докторски студии, таа била визитинг докторантка на Трудо Центарот за мир, конфликти и правда на Универзитетот во Торонто (2013) и Студиска програма за соработник по европска безбедност (2009-2010), координирана од Институтот за Европа во Берлин.

Како научничка за мир, таа ги истражува прашањата за родот, полот, меѓусебноста и политичката економија во повоените општества. Во моментов работи во Центарот за жени, мир и безбедност и како академска соработнича во Центарот за Латинска Америка и Карибите на Лондонската школа за економија и политички науки. Во текот на академската 2018-2019 година била гостинка-истражувачка на Институтот Крок за меѓународни мировни студии, Универзитет во Нотр Дам, каде работела на книгата со фокус на родовите одредби во мировните договори и начините на кои тие се преведуваат во закони и политики во обид да се решат неправдите и насилствата во минатото. Врз основа на етнографски истражувања и интервјуа со жени Роми во Босна и Херцеговина и домородни жени во Колумбија, книгата го потенцира влијанието на пресекот на тие „преводи“ и го унапредува концептот на интерсекциска правда во мировните процеси.[1]

Наводи

уреди
  1. „Елена Б. Ставревска – Стела“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 2021-01-20.

Надворешни врски

уреди