Еко-Институт
Еко-институт (Институт за применета екологија) е непрофитен приватен институт за истражување на животната средина со седиште во Фрајбург, Германија.[1]
Тoј произлегол од противнуклеарното движење во 1977 година и денес има над 170 вработени на своите локации во Фрајбург, Дармштат и Берлин. Институтот е организиран како асоцијација и ги следи целите за унапредување на заштитата на животната средина и одржливиот развој, што треба да се постигне, меѓу другото, преку научно истражување, консултирајќи и едуцирајќи ја јавноста. Асоцијацијата за поддршка има околу 2.000 членови, вклучувајќи и речиси 20 општини. Институтот ја финансира својата работа главно преку финансирање од трети лица за проекти. Дополнително, има и членарини и донации. Приходите во 2019 година изнесувале 15,7 милиони евра.
Наводи
уреди- ↑ „www.oeko.de - The Institute“. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2009-01-27.