Иако економската криза која се случи на крајот од првата декада на 21 век започна во Соединетите Американски Држави, таа брзо се прошири во Европа влијаејќи врз земјите од регионот кои веќе беа во криза уште од февруари 2009 година или пак веќе страдаа од значајни пазарни и економски неуспеси. Глобалната економска криза за првпат се забележа во Европа кога Данска влезе во рецесија.

Еврозона

уреди

Во еврозоната, земена како целина, индустриското производство опадна на 1,9 проценти во мај што се смета за најостар месечен пад за регионот од кризата на девизниот курс во 1992 година. Европската продажба на автомобили опадна на 7,8 проценти во мај во споредба со претходната година. Малопродажбата опадна за 0.6 проценти во јуни во споредба со нивото од мај и за 3,1 процент од јуни претходната година. Од четирите најголеми економиски сили во еврозоната, само Германија забележа раст на активностите во јули иако тој беше многу низок. Економските аналитичари на РБС (Кралската банка на Шкотска) и Кепитал Економикс (Водечки независни консултатски услуги за макроекономски истражувања) сметаат дека падот го зголемува ризикот од навлегување на еврозоната во рецесија во 2008та година. Во второто тромесечие, забележан е пад на економијата во еврозоната за 0,2 проценти. Во третото тромесечие, повторно се забележува пад на економијата со што еврозоната навлегува во техничка рецесија.

Ирска

уреди

Во првото тромесечие од 2008 година, Ирска покажа пад на БДП од 1,5 проценти што беше првиот економски пад откако започнаа тримесечните извештаи како и првиот забележан пад од 1983 година. Сепак, Централната канцеларија за статистика во Ирска објави раст на БДП за околу 0,8 проценти иако Владата во Ирска смета дека БНП е подобра мерка за економијата. Аналитичарите, сепак, предвидоа дека економијата во Ирска ќе продолжи да опаѓа до крајот на годината.Извештајот на брокерите од НЦБ (Национална централна банка) пак предвиддуваа дека бруто-националниот производ ќе опадне за 1 процент во 2008 година и за 0,4 проценти во 2009 година поради падот на мултинационалните компании погодено од глобалниот економски застој.Економист од НКТ (Национална комерцијална банка) изјави дека вон-институционалната инвестиција би опаднала за 5 проценти во 2008 година и за 12 проценти во 2009 година. Во второто тромесечие, Ирскиот БДП забележа пад за 0,5 проценти со што Ирска стана првата земја од еврозоната која што влезе во рецесија. Мерил Линч, американскиот брокер кој остана без капитал во септември 2008 година, ја советува Владата на Ирска. Во јануари 2009 година, таа беше принудена да ја национализира нејзината трета најголема банка, Англо-ирската банка, и да најави повторно капитализирање на нејзините две најпознати банки, АИБ (Здружени ирски банки) и Ирската банка. Во февруари 2009 година, Владата објави рекордно ниво на невработеност во земјата со највисок месечен пораст во последните 40 години каде се отпуштаа 1.500 луѓе дневно. Ирска излезе од рецесија во третото тромесечие во 2009 година со економски пораст од 0,3 проценти како резултат на последните кратења на буџетот од страна на ирската влада. Сепак, иако Ирска технички излезе од рецесија, нејзината економија сè уште треба да надмине уште многу пречки доколку сака да се врати во нормала.

Шпанија

уреди

Шпанската градежна компанија Мартинса Фадеса (Martinsa-Fadesa) прогласи банкрот откако не успеа да рефинансира долг од 5,1 милијарда евра. Наводно, двете банки со најголема изложеност на оваа компанија се Каја Мадрид (Caja Madrid) со 900 милиони евра и Банко Популар Еспањол (Banco Popular Español) со 400 милиони евра. Шпанскиот министер за финансии, Педро Солбес, изјави дека тоа нема да ја извлече компанијата. Во второто тромесечие, цените на куќите во Шпанија драстично паднаа за 20 проценти. Сепак, во Кастила ла Манша (Castilla-La Mancha), околу 69 проценти од куќите коишто се изградени во изминатите три години сè уште не се продадени.Дојче банк (Deutsche Bank) изјави дека до 2011 година очекува пад од 35 проценти во реалните цени на куќите.Шпанскиот премиер, Хосе Луис Запатеро, ја обвини Европската централна банка за влошување на работите со зголемувањето на каматната стапка. Повеќе од 98 проценти на станбените кредити во Шпанија ја исклучуваат променливата стапка поврзана со Фурибор (Европска меѓубанкарска понудена стапка) која од август се зголеми на 145 базични бодови. Станбените сметки учествуваат со повеќе од 10 проценти во економијата на Шпанија. Народната шпанска банка е загрижена за здравјето на помалите регионални кредитори со тешка изложеност на хипотекарниот пазар.

Иако Шпанија ја избегна економската криза во првата половина од 2008 година, сепак, невработеноста во земјата се зголеми во текот на изминатата година достигнувајќи 9,9 проценти. Продажбата на автомобили во Шпанија се намали до 31 процент во мај,а истиот месец се намали и производството на фабриките за 5,5 проценти. Влијателниот деловен субјект во земјата, Кирколо де Емресариос (Circulo de Empresarios), предупреди дека постои „голема веројатност“ дека економијата во Шпанија би навлегла во економска криза во втората половина од 2008 година поради станбениот колапс. Во јуни, Шпанија постигна пад од 7,9 проценти во малопродажбата што е најголемиот пад во споредба со претходната година откако Шпанија започна регистрирање на резултатите и на седмиот по ред месечен пад. Ова вклучува пад од 17,9 проценти во малопродажбата на добра за домаќинството. Во мај, се намали и продажбата на храна до 6,8 проценти. Инвестициската банка, Морган Стенли (Morgan Stanley), во нејзиниот извештај објави голема тревога за здравјето на банките во Шпанија како и за економијата на Шпанија, велејќи дека „значајниот економски застој е во тек, а сметаме дека влошувањето во Шпанија е на самиот почеток. Сепак, најболно ќе биде во 2009 година“. Морган Стенли, исто така, предупреди дека постои можност од 40 проценти за контракција на 0,5 проценти на економијата во Шпанија во 2009 година, со ризик да се зголеми на 1,4 проценти. Според АНФАЦ, Здружението на произведувачи на автомобили во Шпанија, продажбата на нови автомобили опаднала за 27,5 проценти во јули во споредба од претходната година што е трет последователен месечен пад од над 20 проценти. Шпанската влада предвидува дека стапката на невработеност ќе се покачи за 10,4 проценти во 2008 година и за 12,5 процвенти во 2009 година. Втората, по големина, банка во Шпанија ББВА предвидува пак дека стапката на невработеност ќе постигне 14 проценти во 2009 година. Индексот на менаџери за продажба во Шпанија укажа за нова длабока рецесија за месец јуни во областа на продажниот сектор. Во вториот тромесечие, економијата во Шпанија порасна за 0,1 процент што е најнизок пораст во последните 15 години.

Заклучно со декември 2009 година, Владата на Шпанија предвидува раст на стапката на невработеност до 20 проценти во 2009 година, а не се исклучува можноста да достигне и до 25 проценти поради начинот на кој Владата ја врши спецификацијата на купените стоки.Според шпанскиот министер за финансии „Шпанија ќе се соочи со најдлабоката рецесија во средината на овој век“.

Германија

уреди

Во Германија, функционерите предупредија дека стопанството може да се намали најмногу за 1,5 % во вториот квартал поради падот на нарачките за извоз. Впрочем, германското стопанство се намали и во вториот и во третиот квартал со што Германија влезе во техничка рецесија. Иако за момент таа идеја беше надмината, Ангела Меркел и германската влада одобрија план за спасување од кризата во вредност од 50 милијарди евра со цел да се заштити германското стопанство од кризата. Германското индустриско производство се намали за 2,4 % во мај и е најбрз пад во деценијата. Нарачките опаѓаат веќе 6 месеци во континуитет што се смета за најлошата флуктуација уште од раните '90-ти. Германската стопанска и индустриска комора најави и до 200.000 отпуштања во претстојните месеци. Германската малопродажба опадна за 1,4 проценти во јуни што е повеќе од очекуваното. Германското стопанство се намали за 0,5 проценти во вториот квартал.

Италија, Грција, Португалија

уреди

Индустриското производство и во Италија и во Грција се намали за 6,6 проценти во изминатата година. Сепак, економијата на Грција ќе продолжи да расте и во 2008 и во 2009 година односно 3,1 процент во 2008 година и 2,5 проценти во 2009 година. Меѓутоа, Грција се соочува со голем предизвик во јавните финансии токму поради кризата.Индустриското производство на Португалија е намалено за 6,2 проценти. Иако земјата се опоравуваше од економската криза во текот на последните неколку години, сепак, се случи затворање на неколку индустриски објекти, една банка беше спасена од страна на државата, а останатите банки покажуваат знаци на значителни немири и бројки на невработеност кои достигнуваат скоро 11 проценти. Во Италија, компанијата Фиат најави затворање на фабриката и привремено отпуштање на фабриките во Торино, Мелфи и Сицилија. Продажбата на коли во Италија опадна за скоро 20 проценти во изминатите два месеци. Синдикатот на работници во автомобилската индустрија во Италија изјави дека „состојбата е очигледно посериозна отколку што е разбрана.“На 10 јули 2008 година, ИСАЕ ги намали очекувањата за растот на италијанската економија од 0,5 на 0,4 проценти. Аналитичарите сметаат дека Италија влегла во рецесија во второто тромесечие или пак на крајот од годината кога деловната доверба постигна најниско ниво со 11-те септ”мвриски напади. Економијата на Италија опадна за 0,3 проценти во второто тромесечие од 2008 година.

Франција, Бенелукс

уреди

Другите земји од еврозоната, исто така, забележаа пад во нивното стопанство во второто тромесечие: Франција забележа пад од 0,3 проценти, Финска од 0,2 проценти, додека Холандија покажа нулта раст во второто тромесечие.Сепак, конечните проценки објавени од страна на Француската статистичка агенција, покажуваат дека француското стопанство зе зголемило за 0,14 проценти за време на 3то тромесечие притоа едвај избегнувајќи ја техничката рецесија. Во првото тромесечие од 2009 година, Франција падна во рецесија. Со цел да се надмине економската криза, францускиот претседател Никола Саркози најави план за излез од кризата во износ од 26 милијарди евра со дополнителни 15,5 милијарди евра во нормалниот буџет за 2009 година и зголемување на јавниот дефицит на Франција за 4 проценти. Тоа, донекаде, е слично на предлогот на Барак Обамаза поттол на американското стопанство преку инвестирање во инфраструктурата на земјата. Дополнителните предлози вклучуваат даночен попуст за малите бизниси како и олеснување на ограничувањата за градежните дозволи и владини договори, особено во градежништвото.

Тоа се должи на укинувањето на програмата каде купувачите добиваа попуст до 1.000 евра за укинување на старите возила кои го загадуваат воздухот и набавка на нови еколошки автомобили. Како резултат на тоа, продажбата на автомобили во Франција беше за 30 проценти повисока во декември 2008 година во споредба со изминатата година. Бидејќи француските нови автомобили поминаа многу подобро на пазарот како и поради зголемената продажба во Јужна Америка, француските брендови, а особено Рено, сега имаат поголеми акции на пазарот во светот и покрај намалената продажба на автомобили во 2008 година.Уште една високо изложена индустрија е и поморската изградба каде се откажа налог за нарачка на брод за Норвечкиот прекуокеански патнички брод. Со цел да се потполнат празнините во планирањето на изградбите, се очекува дека наскоро, француската влада ќе ја донесе и третата класа на Мистрал бродовите како и други помали бродови кои ќе и служат на француската морнарица. Ова е дел од планот за спаување на Саркози. Компанијата за поморска одбрана во Франција, исто така, го доби и најголемиот договор за извоз со бразилската влада која направи нарачка од 7 милијарди евра. Договорот се однесува на четирите дизел-електрични подморници за напад со конвеционално придвижување нанапред, јадрено придвижување, бродоградилиште и поморската база.

Во октомври 2008 година, француската кооперативна банка доживеа трговска загуба од 600 милиони деривати, а причината за тоа се сметаше дека е високата нестабилност на пазарот во тоа време. Беа отпуштени и вработените одговорни за оставрување неовластен промет. Француските банки беа, исто така, и измамени од Бернанд Мадоф. Сепак, најважно е дека инвестициската банка Натихас, потенцијално изгуби 450 милиони евра, а најголемата светска банка Парибас, со седиште во Париз, можеше да загуби 350 милиони евра. Ниту Нахис ниту Парибас не инвестираа директно во Медоф, туку преку обврзници издадени од страна на американската државна благајна можеа да се соочат со таквите загуби. Тоа е така за да се утврди дали тие загуби се ефикасни, кои од нив можат да се обноват и да се види што можат правните постапки да сочуваат. Другите групи како Акса, Сосиете женерал, Кредит агрикол и Групама можат, исто така, да се соочат со загуби. На 28 септември 2008 година, холандско-белгиската банка Фортис беше делумно национализирана со прилив на пари од земјите на Бенелукс коишто изнесуваа до 11,2 милијарди евра. Всушност, нејзините проблеми започнаа уште на самиот почеток на годината со најавата дека таа се соочува со загуба од околу 1,5 милијарди евра. Во јуни, копманијата најави и распродажба на средствата со цел да се соберат 5 милијарди евра за да се подобри ликвидноста на организацијата. Сепак, тоа не беше доволно. На 6 октомври 2008 година, таа објави дека ќе преземе 75 проценти од активностите на Фортис во Белгија и 66 проценти во Ликсембург во замена за поставувањето на белгиската влада за нов главен акционер на групацијата. Сепак, белгиската влада беше обвинета за вршење притисок врз акционерите со што пропадна во текот на контроверзноста која што ја одложуваше дејствувањето. На 30 јануари 2009 година, беше направен нов предлог со малку поинаква смисла. Всушност, замислено беше Парибас да преземе 75 проценти од банкарските активности на Фортис во Белгија и само 10 проценти од осигурителните активности во замена за тоа што белгиската валда ќе преземе 11 проценти од Парибас. Овој договор се постигна со гаранција од белгиската влада дека таа ќе покрие до 5 милијарди евра доколку не се откријат повеќе токсични средства. На 30 септември 2008 година, Владите на Белгија, Франција и Луксембург се сложија да инвестираат 6,4 милијарди евра што ја одржа во живот втората најголема банка во Белгија, Дексија. Во мај 2008 година, индустриското производство опадна и во Холандија за 6 проценти. На 19 март 2009 година, Францускиот завод за статистика најави пад со кој се предвидува 2,9 проценти на неуспеси и стапка на невработеност до 8,8 проценти сè до јуни 2009 година.

Остатокот од Европа

уреди

Данска покажа пад од 0,6 проценти во првото тромесечие од 2008 година по пад од 0,2 проценти во четвртото тромесечие во 2007 година. Естонија покажа економски пад од 0,9 проценти во второто тромесечие по пад од 0,5 проценти во првото тромесечие. Бруто-домашниот производ на Латвиа опадна за 0,2 проценти во второто тромесечие по пад од 0,3 проценти во првото тромесечие. Економијата во Шведска не покажа пораст во второто тромесечие од 2008 година. Целокупната економија на Европксата унија опадна за 0,1 процент во второто тромесечие. Европската комисија предвиде дека Германија, Шпанија и Обединетото кралство ќе навлезат во рецеција до крајот на годината, а Франција и Италија ќе имаат рамен пораст во тртото тромесечие по падот во второто тромесечие. Економистите во втората најголема банка во Швајцарија ја предвидоа рецесијата во 2009 година.

Претседателката на Здружението за прехранбена индустрија во Естонија, Сирје Потисеп, предупреди дека прехранбената индустрија во Естонија ќе се соочи со банкрот наведувајќи две големи компании за пијалаци кои веќе ги покажуваат првите знаци за стечај. Агенцијата за проценка Фич ја предупреди Украина дека можно е да се соочи со девизна криза влошувајќи го основното економско начело со што земјата влезе во уште еден период на политичка несигурност. Фич изјави дека дефицитот на тековната сметка можно е дополнително да се зголеми како резултат на порастот на цените на гасот и падот на извозот на јаглен. Исто така, Фич изјави дека можно е Украина да треба да побара поголем заем во време кога долгот на светскиот пазар се соочува со вистински застој. Гувернерот на Централната банка во Украина, Петро Порошенко, изјави дека не гледа потреба за интервенција за заштита на валутата. Само неколку земји го задржаа високиот БДП во 2008 година како на пример Романија и Словачка. И покрај високиот економски пораст во 2008 година (8,7 проценти), Романија тешко ја доживеа кризата. Аналитичарите предвидуваат пад од 8 до 9 проценти за 2009 година откако ново формираната влада чпри крајот на 2008 година се покажа дека не е во можност да ги преземе сите антикризни мерки.

Полска

уреди

Полска е единствената земја-членка на Европската унија која што успеа да ја избегне рецесијата. Тоа значи дека Полска го оствари највисокиот БДП раст во ЕУ во 2009 година. Заклучно со декември 2009 година, економијата на Полска нити влезе во рецесија ниту пак забележа пад, а нејзината прогназа за пораст на БДП од 1,9 проценти од страна на ММФ се очекува да биде надградена. Во второто тромесечие од 2010 година, порастот изнесуваше 3,1 процент во најмала рака.Заклучно со 30 август 2010 година, прогнозата на ЕУ за растот на БДП во Полска во текот на 2010 година изнесува 2,7 проценти со што го надминува просекот на ЕУ за 1 процент.

Исланд

уреди

Еврото во Исланд опадна за 40 проценти во текот на 2008 година со што Исланд доживеа инфлација од 14 проценти. Зголемени се каматните стапки за 15,5 проценти со цел Исланд да се справи со инфлацијата. Оваа загуба на вредноста на валутата врши притисок врз банките во Исланд коишто во голема мера зависат од странскиот долг. На 29 септември 2008 година, исландкста банка Глитнир беше успешно национализирана откако исландската влада се стекна со 75 проценти од акциите на банката. Според Владата, банката „ќе престане да постои“ во рок од неколку недели доколку не се интервенира.

Исландскиот премиер Геир Хаарде во телевизиско обраќање на 6 октомври 2008 година изјави дека кредитните линии на исландските банки се намалени и дека „во најлош случај, исландската економија заедно со банките можат да се вовлечат во вител, а можниот резултат е стечај“. Тој, исто така, изјави дека Владата бара извори на ликвидност и од другите земји. Парламентот во Исланд одговори на кризата одобрувајќи го предлог-законот на Владата за зголемување на контролата врз банките вклучувајќи ја и можноста да се запленат нивните средства, да се присилат на здружување со други правни субјекти или пак да се принудат да ги продадат своите прекуокеански подружници. На 8 октомври 2008 година, Парламентот продолжи да ја презема контролата, а продолжи и со национализирањето на втората најголема банка во Исланд, Ландсбанки. Парламентот го продолжи и кредитот од 400 милиони фунти за најголемата национална банка, Кауптинг, со надеж дека таа ќе го зајакне својот биланс на состојба.

На 8 септември 2008 година, британскиот премиер Гордон Браун најави дека британската влада ќе започне правна постапка против Исланд, чија влада соопшти дека нема намера за компензација на сопствените 300 000 британски штедачи по национализирањето на Лендсбанки и нејзиниот онлајн бренд Ајсејв. Канцеларот на касата Алистер Дарлинг соопшти дека британската влада ќе ја плати целата сметка од 4 милијарди фунти и дека тој презема чекори за замрзнување на средствата на Лендсбанки. Следниот ден, Дарлинг го употреби Актот за спречување тероризам, криминал и безбедност од 2001 година како основа за запленување на средтсвата на Лендсбанки, банка со седиште во Исланд. Народот во Исланд започнаа онлајн петиција на интернет во знак на протест против оваа акција која што може да се спореди со случајот Алкаеда. Економистите очекуваат дека БДП на Исланд ќе се намали за 10 проценти во најмала рака како резултат на кризата со што Исланд ќе навлезе во економска депресија. На 27 јануари 2009 година, се распадна и Владата во Исланд.

Унгарија

уреди

На 10 октомври 2008 година, унгарската валута форинта опадна за 10 проценти. На 16 октомври, Европската централна банка соопшти дека ќе и помогне на Унгарија со заем од 5 милијарди евра (6,7 милијарди долари). Тоа се случи неколку дена откако Министерството за финансии во Унгарија изјави дека бара консултации со ММФ во врска со можниот пакет за помош. Европската централна банка направи невиден потег во помаѓањето на земја која не е во Еврозоната потенцирајќи го решавањето на кризата во Унгарија и нејзиното можно влијание во остатокот од Средна Европа. Неколку играчи ќе бидат погодени од овој потег, но под особен ризик се австриските банки кои инвестираат толку многу во регионот. Потенцијална сериозна потешкотија на австриските банки би можело да предизвика значаен удар врз проблематичниот банкарски систем во Европа. Унгарија, која и се приклучи на Европската унија во 2004 година, е веќе погодена од тековната финансиска криза поради нејзината зависност од странскиот капитал за финансирање на својата економија и затоа го има најголемиот јавен дефицит во ЕУ. Пред меѓународната финансиска помош, Владата стравуваше од најлошото вклучувајќи го и колапсот на домашната валута, изјави премиерот Ференц Ѓурчани.

Во ноември, Унгарија доби помош од ММФ во износ од 25 милијарди долари за да не се случи финанскиот колапс. Во декември, ММФ префрли 5 милијарди долари, а Европската централна банка и префрли 2 милијарди долари.

Бугарија

уреди

На 10 јуни 2009 година, Бугарските власти објавија дека земјата официјално е во рецесија со пад на нејзината економија од 4,2 проценти во периодот од јануари до јуни. Бугрската економија опадна за 4,8 проценти за период од една година во второто тромеечие за првпат во изминатите 12 години. Невработеноста се зголемува сè повеќе и повеќе. Земјоделскиот сектор забележа пад на активностите од 6,6 проценти во второто тромесечие од 2009 година во споредба со истиот период претходнаа година кога индустријата опадна за 9,8 проценти. Во меѓувреме, услужниот сектор забележа пораст од 0,3 проценти. Во текот на првата половина од годината, увозот во Бугарија опадна за 24,2 проценти во споредба со истиот период претходната година, а опадна и извозот за 18,2 проценти.

Велика Британија

уреди
 
Луѓе чекаат во редица на 15 септември 2007 година пред филијала на банка во Обединетото Кралство, за да подигнат пари од нивните сметки.

Економијата на Обединетото кралство, исто така, беше погодена од зголемените цени на нафтата како и од кредитната криза. Г-дин Вин Бишоф, претседател на Ситигруп, изјави дека верува дека цените на куќите во Британија ќе продолжат да паѓаат и во наредните две години. Ревизорската фирма Ернст и Јанг предвиде раст од само 1,5 проценти во 2008 година којшто се намали на само 1 процент во 2009 година. Тие, исто така, предвидоа дека потрошувачката ќе се намали на само 0,2 проценти, а предвидоа и последователен пад на инвестициите во текот на наредните две години. Тримесечната бизнис анкета, која започна да се спроведува од 1996 година, спроведена од Институтот за директори не покажа оптимизам за бизнис. Заменик гувернерот на Англиската банка, Гив, изјави дека инфлацијата ќе се забрза „и над“ 4 проценти во период кога економскиот развој „се забавува со брзо темпо“. Гувернерот на Англиската банка, Мервин Кинг, изјави дека може да се појави „една чудна четвртина или пак две четвртини негативен пораст,“ по првото тромесечие од 2009 година. Гив, исто така, изјави дека не може да ја извлече земјата од рецесијата, додавајќи дека економијата е „прилично далеку“ од крајот на економскиот застој.

На национално ниво, најголемата градежна компанија во Обединетото кралство предупреди дека можно е навлегување во рецесија откако во јули 2008 година, цените на куќите паѓаат за 8.1 проценти од претходната година. Станбените цени опаднаа за 1,7 проценти во јули што е дупло повеќе во споредба со падот забележан во јуни. Компанијата Стандард и Пур изјави дека на 30 јули 2008 година, 70 000 сопственици на куќи имаат негативен капитал и тоа може да се зголеми на 1,7 милиони т.е. секој шести сопственик на куќа во Обединетото кралство да се соочи со пад во 2009 година. Англиската банка забележа дека одобренијата за хипотеки забележуваат пад од околу 70 проценти.

Во Северна Англија, продажбата на куќи забележа пад од околу 50 проценти според анкетата спроведена од Универзитетот во Алстер. Ирската банка и цените на куќите опаднаа за 4 проценти во просек. Британското производство, исто така, опадна во јуни, третиот последователен месец на опаѓање.

938 компании влегоа во администрацијата во периодот од мај до јуни 2008 година што е пораст од 60 проценти во споредба со истиот период во 2007 година. Бројот на ликвидациони компании во второто тромесечие се зголеми на 3 689 што е пораст од 16 проценти а воедно и највисоката квартална бројка во изминатите пет години. Градежниците очекуваат бројот на куќи за градење во Англија и Велс во 2008 година да е најмал. Опаѓањето се смета за индикација дека Обединетото кралство има голема шанса за влез во рецесија. Производството во фабриките во Обединетото кралство, исто така, опадна за 0,5 проценти во јуни 2008 година кога од 13 категории за произвоството во фабрикитем, дури 12 забележаа пад. Производството во Велика Британија забележа пораст од само 0,2 проценти во второто тромесечие од 2008 година што е најспоро темпо од 2001 година.

Националниот завод за статистика, подоцна, објави ревидиран број според кој британската економија е на нула што е најлошата економска состојба од второто тромесечие од 1992 година. Тековниот застој заврши по 16 години постојан економски раст што е најдолгиот период на економска експанзија во Британија од 19-от век. Извештајот од Националниот институт за економија и социјално истраѓување соопшти дека економијата опаднала за 0,1 процент во периодот од мај до јули 2008 година и 0,2 проценти од јуни до август 2008 година. Реакциите на гласачот поради личните финансиски ефекти од светската економска криза им се препишуваат на политичарите од Лабуристичката партија на Обединетото кралство која што беше на власт од 1997 година па сè до драматичниот пад во мај 2008 година претрпувајќи пораз на дополнителните избори и на изборите за градоначалник на Лондон како и најлошото јавно мислење во историјата.Политичките противници се спротивставија на тој очигледен изговор со што се укажува на фактот дека актуелниот премиер Гордон Браун, којшто е на власт од јуни 2007 година, непосредно пред кризата, е „железниот канцелар“ во земјата и наводно не е уверен дека земјата има доволно монетарни резерви за да може да се намалат даноците и да го намалат товарот врз гласачите и покрај фактот дека земјата се соочува со најдолгиот период на економски раст во нејзината историја. Во август 2008 година, партијата, исто така, се соочи со повикувања за наметнување на неочекуваниот данок за комуналните претпријатија коишто имаа најголем профит поради кризата со горивото кога цените на храната и горивото паралелно растеа.

На 27 септември 2008 година, се појавија вести дека банкарската и осигурителна групација ХБОС (Шкотксата банка Халифакс) е во разговори за соединување со Лојд ТСБ поради создавање на гигант во малопродажбата во вредност од 30 милијарди фунти. Овој потег ја доби поддршката на британската влада која што изјави дека тоа ќе ги надвладее барањата од каква било конкурентност. Според Националниот завод за статистика, во август 2008 година, стапката на невработеност се зголемила од 32 500 на 904 000. Анкетата за работната сила покажа дека невработеноста се зголемила од 81 000 на 1,72 милион во периодот од мај до јули што е најголем забележан пораст на невработеноста од 1999 година.

Во септември 2008 година, британската банка Бредфорд и Бингли и нејзиниот заштеден бизнис ги купи шпанската банка Групо Сантандер како и нејзиниот малопродажен депозит заедно со мрежата на филијали. Хипотеките, личните кредити, седиштето, државните средства и обврски ќе потпаднар под државна сопственост.

Од 1 декември 2008 година, британската влада одлучи да го намали данокот на додадена вредност од 17,5% на 15% за период од 13 месеци со цел да се охрабри големата потрошувачка од британските купувачи пред Божиќ. На 4 декември 2008 година, Англиската банка ги намали каматните стапки од 3% на 2% со што каматните стапки го достигнаа своето најниско ниво. На 8 јануари 2009 година, Англиската банка дополнително ги намали каматните стапки од 2% на 1,5% што е најниската вредност во последните 315 години. На 23 јануари 2009 година, според бројките на Националниот завод за статистика, ВБ и официјално влезе во рецесија за првпат од 1991 година. На 5 февруару 2009 година, каматните стапки се намалија дури на 1%.

Истражувањето за британските осигуреници во февруари 2009 година покажа дека поголемиот дел од нив не размислуваат за официјално зголемување на премиите во текот на 2009 година и покрај предвидувањата за растот од 20% Сепак, се очекува дека ликвидноста на капиталот ќе стане проблем и за таа цел ќе се одреди да се зголемува бидејќи капиталот којшто е врзан за инвестициите дава помали дивиденди што се потврди со осигурителните загуби од 644 милиони фунти претрпени во 2007 година.

На 5 март 2009 година, Англиската банка повторно ги намали каматните стапки. Овој пат, од 1% на 0,5%. Истата недела, банката најавви отпочнување на политиката за квантитативно олеснување печатејчи до 150 милјарди долари на нови пари.

Бројките објавени во март 2009 година од Англиската банка открија дека преку 1 трилион странски претпријатија се повлекле од британските банки во периодот помеѓу пролетта и крајот на 2008 година со што ВБ ја изгуби довербата од странските институции. До ноември 2008 година, невработеноста се искачи над 1,8 милиони неваботени луѓе, а до март 2009 година таа изнесуваше над 2 милиони што е највисоката стапка на невработеност од 1997 година кога Лабуристите дојдоа на власт. До 2010 година, се предвидува дека невработеноста може да порасне и над 3 милиони што би било највисоката стапка во овој бран на рецесија.

Во извептајот на ОНС од март 2009 година се вели дека економијата на ВБ опадна за 1,6 проценти за време на последното тромесечие од 2008 година со пад од 1% во потрошувачката на домаќинствата. Предвиден е дополнителен пад на БДП од 4% за време на 2009 година. Во април 2009 година, БДП опадна за 1,9 проценти во првото тромесечие со можност за пад од 4,1% во текот на годината. Најголем придонес за оваа бројка е производството кое што опадна за 6,9 проценти.

Во мај 2009 година, американската компанија за финансиски услуги Стандард и Пур ги намали проценките за изгледот на економијата на ВБ и објави дека тие се негативни. Официјалните бројки покажуваат дека британското јавно задолжување постигна висок рекорд во април, првиот мсец од новата даночна година, додека нето јавното задолжување достигна 8,5 милијарди фунти во април 2009 година, а истото изнесувало 1,8 милијарди во април 2008 година.

Во јуни 2009 година, падот на БДП во првото тромесечие се ревидира надолу од 1,9 до 2,4 проценти со пад на економското производство од 4,1% од претходната година. Ревидираните бројки, исто така, покажаа дека рецесијата започна второто тромесечие од 2008 година, а не во третото како што претходно беше известено.

На почетокот на 2009 година, стапката на невработеност забележа рекорд со пораст од 281 000 на 2,38 милиони што е еднакво со 7,6% од работната сила. Во периодот пред јуни, бројот на слободни работни места опадна на рекорден број од 429 000, за разлика од претходната година кога тоа изнесувало 35 000.

До крајот на јуни 2009 година, дефицитот на јавниот сектор изнесуваше 798,8 милијарди фунти што е еднакво на 56,6% од БДП, највисокиот процент откако започнаа рекордите во 1974 година. Во јуни 2008 година, тоа изнесуваше 641,4 милајрди или 44% од БДП. Се очекува оваа бројка да расте и понатаму сè додека не се додадат трошоците од помошта на РБС и банката Лојд.

До почетокот на август 2009 година, британската невработеност изнесуваше 2,44 милиони. Англиската банка најави дека ќе ја продолжи политиката на квантитативно олеснување во износ од 175 милијарди фунти поради продлабочената рецесија во земјата. Во ноември 2009 година, Англиската банка најави дека ќе додаде дополнителни 25 милијарди футни за продолжение на квантитативното олеснување за помош на економијата на ВБ во екон на рецесијата.

Во декември 2009 година, се откри дека невработеноста во ВБ изнесуваше засрамувачки 2,5 милиони, друг месечен пораст, но бројот на луѓето коишто бараат помош за невработени опадна за повеќе од 6 000. Во оваа фаза, ВБ е една од најголемите економии која што сè уште е во рецесија. Сепак, на 26 февруари 2010 година, се откри дека економијата на ВБ оствари раст за 0,3% во последното тромесечие од 2009 година со што ВБ излезе од кризата.

Сепак, многу економисти сè уште не се сигурни за оваа ситуација. Релативно малиот пад на луѓето кои бараат помош за невработени може да придонесе до отворање сезонски работни места и со еминентните општи избори, Владата мора да ја прикаже најдобрата можна економска слика. Другите фактори коишто можат да придонесат за вештачки висока стапка на раст го вклучуваат крајот на замената на стари автомобили за пари како и крајот на намалувањето на ДДВ што предизвика многу потрошувачи да ги наметнат своите продажби. Покрај тоа, се вложија 200 милијарди фунти во економијата, а стапката на централната банка се одржа на речиси 9% во најголемиот дел од годината. На тој налин, иако официјалните бројки покажуваа дека ВБ навистина излезе од рецесијата, сепак, остана стравување од двојна рецесија.

Романија

уреди

Економијата во Романија е една од најтешко погодените економии во Европа. Трговскиот дефицит во земјата се намали за повеќе од 60 проценти за време на првата половина од 2009 година, но не поради намалениот извоз, туку поради деловниот банкрот и невработеноста која што ја намали потрошувачката. Се очекува економијата да заздраве и да доживее раст кон крајот на 2011 година.

Русија

уреди

Од 1999 година па сè до есента 2008 година, економијата во Русија растеше со стабилно темпо што според експертите се должеше на политиката на Путин која што ги опфаќаше острата девалвација на рубљата, периодот на структурни реформи, покачувањето на цените на нафтата како и евтините кредити од западните банки. По првиот мандат на Владимир Путин како претседател (во време на маднатот на Михаил Касјанов како премиер), некои аналитичари го опишаа краткорочниот економски раст на Русија како импресивен и одржлив нагласувајќи дека Путин е одговорен за тоа: спроведени се нина за фундаментални реформи вклучувајќи ги и рамниот данок од 13 проценти, намалениот данок на добивка како и законикот за ново земјиште и правниот законик.

Во октомври 2008 година, Русија се појави како една од земјите најтешко погодена од светската економска криза. Несреќата на берзата била предизвикана со вербалниот напад на Владимир Путин врз Мечел во јули истата година како и со помошта на руските миротворници за Република Јужна Осетија во август.

Во 2008 година, рускиот идекс на акции загуби 72,4 проценти пласирајќи се како необичен изведувач на сите главни пазари во развој. Во јануари 2009 година, Државниот завод за статистика во Русија објави податоци според кои руското индустриско производство е намалено за 10,3 проценти во декември 2008 година по падот од 8,7 проценти во ноември претходната година.

Сепак, рускиот главен берзански индекс двојно се зголеми до есента 2009 година што за разлика од крајот на 2008 година па сè до крајот на 2009 година, речиси го достигна нивото на кризата.

Шведска

уреди

Шведска не беше значително засегната и ниту една банка или пак финансиска иституција не се соочи со сериозни проблеми. Сепак, се забележаа некои ефекти, најчесто засновани на недоверба и слични психолошки механизми. Берзата опадна значително поради влијанието на Њујорк и другите пазари. Некои банки, особено Шведската банка значително инвестирапе во американските обврзници за домаќинство. Банките немаа доверба една во друга, а и разликата помеѓу меѓубанкарската каматна стапка и државната каматна стапка порасна за речиси 1 процент. Дополнително се зголемија и каматните стапки за станбените кредити. Се намали светската продажба, а особено продажбата на автомобили, принудувајќи ја шведската индустрија за автомобили да отпушта вработени. Зголемениот страв од тековната рецесија како и зголемените финансиски трошоци ги намалија инвестициите на компаниите и приватната потрошувачка.

Шведска влезе во рецесија по третиот последователен економски пад. Шведското БДП опадна за 0,1% за време и на второто и на третото тромесечие од 2008-та годима. Шведската економија Навлезе во рецесија во третото тромесечие од 2008 година. Во октомври малопродажбата опадна за 0,6 проценти, а потрошувачката во домаќинствата опадна за 0,2 проценти во третото тромесечие. Банката Риксбанк понуди заеми за финансиски фирми на аукција во износ од 60 милијарди круни (7,71 милијарди долари) по отворените објекти за одржување на ликвидноста во банкарскиот сектор. На почетокот на декември, Владата го воведе пакетот за финансиска стабилност форсирајќи ја економијата додека централната банка ја намали даночната стапка за 2%.

Украина

уреди

Украина беше тешко погодена од економската криза. Според аналитичарите, незгодите во Украина се паѓање на цените на челикот, локални банкарски проблеми и намалувањето на снабдувањето со руски гас во јануари 2009 година.Клучните индустрии како што се металургијата и машинското инжинерство ги отпуштаа вработените, а за првпат во оваа декада започнаа да се намалуваат и реалните плати.

Норвешка

уреди

Пензискиот систем во Норвешка претрпе инвестициска загуба од 92 милијарди долари во текот на 2008 година. Сепак, севкупната вредност на фондот се зголеми поради продажбата на нафта како и движењата на валутата.

План за заздравување на европската економија

уреди

Во ноември 2008 година, Европската комисија го презентираше Планот за заздравување на европската економија, план во износ од 200 милијард евра (1,2% од БДП) за борба против последиците од економската криза во ЕУ. Во реалноста, планот е само низа на национални мерки коишто треба секоја Влада да ги спроведе без многу кохерентност меѓу политиките. Овие мерки вклучуваат поттик за инвестирање, даночни намалувањакако и социјални мерки.

Електромобилност

уреди

Бројките на електрификацијата на сообраќајот (електромобилност) во рамките на Иницијативата за зелени автомобили се вклучени во Планот за заздравување на европската економија. Генералниот сообраќај за подвижност и сообраќај го поддржува проектот за европска „електромобилност“ за електрични автомобили и соодветна инфраструктура со буџет од околу 50 милиони евра како дел од Иницијативата за зелени автомобили.