Чани (езеро)

(Пренасочено од Езеро Чани)

Езерото Чани (руски: озеро Чаны) е едно од најголемите езера во Русија. Тоа е плитко, хипосалинско езеро (Солено езеро) кое има флуктуиран водостој, што може да се менува од сезона во сезона и од година во година. Различни екосистеми кои го опкружуваат езерото вклучуваат мешавина од мочуришта, солени мочуришта. Имаме екосистем богат со мешавина од шуми и тоа голема застапеност на брезата и јасиката како дрвна маса. Езерото Чани е од огромна важност за птиците преселници од Сибир како еден вид на попатна станица или како трајно живеалиште. Езерото е наведено како место од меѓународно значење.

Од вселената, октомври 1994

Длабочината на езерото се движи од 1-2 метри, но на некои места може да достигне и до 8 метри длабочина.

Езерото зафаќа територија на вкупно пет територии од Новосибирската област и тоа: Здвински, Барабински, Чановски, Купински и Хистоозирни.

Острови

уреди

На езерото има околу 70 острови: Амелкина Грива, Шулдиков, Лежан, Медвежи, Колпачок, Чинјаиха, Чериомухови, Ускоредки, Чериомушкин, Кобили, Перекопни, Бекарев, Калинова, Шипјагин, Кругли, Колотов, Камишов итн.

Клима

уреди

Силни бури се чести на Чани, за време на силен ветер, се појавуваат високи бранови на површината на езерото.

Легендата на чудовиштето

уреди

Според легенда, во езерото живее џиновско суштество, кое голта говеда и луѓе.