Езерото Сегозеро (руски: Сегозеро, фински: Seesjärvi) претставува големо слатководно езеро во Република Карелија, северозападен дел на Русија. Се наоѓа на 63,3° севернa географска широчина и 33,75° источна географска должина. Реката Сегежа е голем одлив од езерото Сегозеро и се излева во езерото Вигозеро. Откако била изградена хидроцентралата на реката Сегежа, површината на Сегозеро се искачила од 815 км² на 906 км².

Езерото Сегозеро од вселената

Сегозеро е езеро во Европскиот дел на Русија и по големина е рангирано на петнаесеттото место во државата.

Географска положба

уреди

Сегозеро се наоѓа во крајниот северозападен дел на Источноевропската рамница, во централниот дел на Република Карелија, на 120 метри надморска висина. Ова езеро има глацијално-тектонско потекло. Сегозеро има протегање по должина од северозапад кон југоисток со вкупно 49 км и по ширина од југозапад кон североисток со вкупно 35 км. Бреговата линија на езерото е богата со многу заливи и полуострови. Бреговата структура му е разновидна: карпести предели со ниска структура. Околу езерото постојат шумовити предели со иглолисна шума Регионот Като Цајало е слабо совладлив и тешко достапен за минување. Постојат над 70 острови во Сегозеро со вкупна површина од 29 км², сместени главно во северниот дел.

Сегозеро е релативно длабоко езеро. Околу 19% од површината на водата на имал далбочин од 0 до 10 метри, 18,7% - од 10 до 20 метри, 36,9% - од 20 до 30 метри, 15,6% - од 30 до 40 метри, 5,7% - од 40 до 50 метри, 3% - од 50 до 60 метри и 1% - длабочина над 60 м.

Слив

уреди

Слив на езерото заедно со одводниот слив е релативно мал и изнесува 7.480 км. Постојат многу реки што се влеваат во езерото и тоа: Лужма (Селецкаја), Волома (Сона), Санда, Пилва и други. Од најсеверната точка од југ на езерото истекува реката Сегежа.

Климатски и стопански одлики

уреди

Температурата на површината на водата на езерото е 13 - 17 °C, а во длабочините околу 19 °C. На длабочина под 40 метри, температурата е константна и изнесува некаде од 5 до 6° С.

Сегозеро замрзнува пред да започне месецот декември, а се топи некаде во месец мај.

Стопанските одлики се од висока важност и вредност за население. Еезерото е пловно и по него може да се врши секаков вид на пловидба како за индустриски и стопански потреби така и за туризам и рекреација. На брегот на езерото има неколку населени места и тоа: Падани, Термани и Погост на западниот брег и Карелскаја Маселга и Великаја Губа на југоисточното крајбрежје.