Египет (римска провинција)
Римска провинција што го опфаќала поголемиот дел од денешен Египет
(Пренасочено од Египет (римска покраина))
Египет (латински: Aegyptus) била римска провинција формирана во 30 година п.н.е откако Октавијан (идниот император Август) го победил Марко Антониј, соборувајќи ја неговата љубовница кралицата Клеопатра VII и го анексирал царството на Птоломеидите. Покраината во себе го вклучувала поголемиот дел од денешен Египет без Синајскиот Полуостров. Покраината Египет се граничела со покраините Крит и Киренајка на запад и Јудеја на исток.