Европски солидарен корпус

Европскиот солидарен корпус, порано познат како Европски волонтерски сервис (ЕВС), е меѓународна програма за волонтирање формирана од страна на Европската комисија за младите луѓе да одат во друга земја и да работат за непрофитна цел.

ЕВС била втората од петте „Акции“ на ЕУ Програмата за млади и е раководена од Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија .

Идејата на програмата е да испрати волонтери на возраст од 18-30 години во друга земја, обезбедувајќи им основни средства за време на нивниот престој (сместување, храна, осигурување, трошоци за превоз итн). Програмата го олеснува волонтирањето на европските волонтери во Европа или во сите други земји во светот, како и волонтери од европски партнери, кои ќе волонтираат во земјите на ЕУ.

Програмата е наменета за претставува придобивка и на волонтерот, а не само придобивка за луѓето со кои волонтерот треба да работи.

Прописите сугерираат дека волонтерот не може да заземе работно место кое инаку би било заземено од работник кој би бил платен. Волонтерите учествуваат во проекти кои се многу корисни, како што се работа со лица со инвалидитет или за разни невладини организации.

Надворешни врски

уреди