Европски БЕСТ инженерски натпревар (EBEC)

European Best Engineering Competition - EBEC (анг.) или Европскиот БЕСТ инженерски натпревар е годишен инженерски натпревар организиран од БЕСТ - Одборот на европски студенти по технологија Архивирано на 29 февруари 2016 г. (Board of European Students of Technology - BEST). EBEC се одржува во 32 држави, а главната мисијата да развива студенти, нудејќи им шанса за личен предизвик сорешавање на теоретски или практичен проблем. Студентите формираат тимови од 4 лица се повикани да решат интердисциплинарна задача од Team Design или Case Study, со што се опфаќаат сите полиња на инженерство.

EBEC
ГеслоDesign the future. Today
ВидИнженерски натпревар
Мреж. местоhttp://ebec.BEST.eu.org

Со спојување на студенти, универзитети, компании, институции и невладини организации заедно, EBEC цели да го достигне целото мултидисциплинарно знаење и лични вештини на студентите и да го примени овој потенцијал за решавање на вистински животни проблеми преку тимска работа.

Проектот EBEC е една од главните услуги кои ги нуди БЕСТ, а тоа е да обезбеди комплементарно образование. За време на натпреварот, студентите имаат шанса да го применат знаењето стекнато преку универзитетот, да ги прошират своите хоризонти, да ја развијат својата креативност и комуникациски вештини. Овие се основните елементи на натпреварот и преку нив EBEC придонесува во поддршката и напредокот на технолошкото образование, како и во промоција на соработка во една мултикултурна средина.

Во 2016, финалната рунда на EBEC ќе се случува во Белград од 1 август до 10 август со 120 студенти учесници.

Историја

уреди

Идејата за инженерски натпревари e воведена во БЕСТ преку Канадските Инженерски Натпревари (CEC анг.) организирани од Канадската Федерација на Инженерски Студенти (CFES анг.). Членови на БЕСТ го посетиле CEC во 2002 како гости и идејата за оганизирање вакви натпревари била дискутирана таа година за време на Генералното Собрание на БЕСТ. Ова е кога приказната за БЕСТ натпревари започнала, со првиот БЕСТ Европски Инженерски Натпревар (BEEC анг.) кој бил организиран во Ајндховен во 2003, првата национална рунда во Португалија во 2006 и најпрвата финална рунда на EBEC организирана во Гент во 2009, со финалисти кои биле избрани помеѓу 2300 учесници од 51 универзитет во 18 држави, со што била комплетирана EBEC пирамидата.

Структура

уреди

EBEC како натпревар се состои од три нивоа кои ја формираат EBEC пирамидата. Со 84 Локални Рунди, 15 Национални/Регионални Рунди и 1 Финална Рунда, EBEC е еден од најголемите инженерски натпревари организирани од страна на студенти за студенти во Европа, со скоро 7000 учесници секоја година.

Локални рунди

уреди
 
EBEC пирамида

Локалните Рунди се одржуваат во универзитет кој има локална БЕСТ група (анг. LBG ). Тимовите победници од секоја од двете категории напреднуваат на наредното ниво.

Национални/Регионални рунди

уреди

Национални/Регионални рунди се одржуваат во една држава или мултинационален регион и се организирани од една локална БЕСТ група од таа држава/регион. Тимовите кои се победници на локалните рунди се натпреваруваат во истата категорија, за да освојат место во финална рунда на EBEC. Моментално, има 15 Национални/Регионални Рунди со повеќе од 700 студенти кои учествуваат.

Национални/Регионални Рунди Локални Рунди
EBEC Алпи-Адрија Архивирано на 5 мај 2016 г. Ерланген, Грац, Љубљана, Марибор, Загреб
EBEC Балкан Белград, Мостар, Ниш, Нови Сад, Подгорица, Скопје
EBEC Балтик Архивирано на 26 април 2016 г. Екатерингбург, Екатерингбург Урфу, Каунас, Москва, Рига, Санкт Петербург, Талин
EBEC Бенелукс Архивирано на 26 април 2016 г. Ахен, Брисел, Брисел УЛБ, Делфт, Гент, Лувен, Лувен-ла-Нув, Лиеж
EBEC Централен Архивирано на 1 октомври 2015 г. Прага, Брно, Братислава, Кошице, Веспрем. Будимпешта
EBEC Франција Архивирано на 26 април 2016 г. ЕНСАМ, ЕНСТА ПаризТек, Лион, Париз Екол Централ,Париз Политехник, Супелек
EBEC Грција Архивирано на 31 мај 2016 г. Атина, Хања, Патра, Солун
EBEC Италија Архивирано на 25 јуни 2016 г. Месина, Милано, Наполи, Рим, Рим Тор Вергата, Торино
EBEC Нордик Архивирано на 18 октомври 2016 г. Копенхаген, Гетеборг, Хелсинки, Стокхолм, Тампере, Трондхејм, Упсала
EBEC Полска Архивирано на 19 јуни 2016 г. Гдањск, Гливице, Краков, Лоѓ, Варшава, Вроцлав
EBEC Португалија Алмада, Авеиро, Коимбра, Лисабон, Порто
EBEC Романија и Молдавија Архивирано на 2 мај 2016 г. Брашов, Букурешт, Кишинев, Клуж Напока, Јаш, Тимишвар
EBEC Шпанија Архивирано на 22 април 2016 г. Барселона, Мадрид, Мадрид Карлос Трети, Лас Палмас, Вајадолид, Валенсија
EBEC Турција Архивирано на 3 октомври 2016 г. Анкара, Измир, Истанбул, Истанбул Јилдиз
EBEC Украина Архивирано на 5 мај 2016 г. Киев, Лавов, Запорожија, Виница

Финална рунда на EBEC

уреди

Финалната рунда на EBEC (анг. EBEC Final), е еден од најистакнатите настани во БЕСТ, организирани од страна на една локална БЕСТ група. Учесниците се студенти кои ги претставуваат повеќе од 80 од најдобрите европски универзитети, собрани за работа на повеќе задачи со времетраење од 10 дена во интернационална околина. За време на настанот, натпреварувачите исто така имаат шанса да запознаат луѓе со различни културни позадини, да го доживеат градот во кој е организиран настанот и исто така да дојдат во допир со реномирани компании кои се дел од Саемот за Вработување и Кариера (анг. Job Fair) кој се одржува на последниот ден на настанот.

Категории

уреди
 
EBEC Case Study

Од појавувањето на БЕСТ натпреварите, различни категории, како дебата и преговори, биле воведени додека EBEC не ја развил финалната форма, составена од категориите Case Study и Team Design.

Case Study

уреди

Case Study е теоретски предизвик каде се решава проблем за што е потребно анализа, истражување, разгледување, тестирање и презентирање решение за тековен економски, легален или социјален проблем. Решението мора да биде доставено во лимитиран период на време и поддржано од органичени ресурси, како што се време и пари.

 
EBEC Team Design

Team Design

уреди

Team Design е практичен предизвик заснован на проект за што е потребен дизајн, создавање и презентирање на прототип модел кој може успешно да исполни специфични критериуми за изградба и за работа. Моделот мора да биде создаден во лимитиран период на време и со користење на ниско буџетни и лимитирани ресурси.

Преглед на натпреварот

уреди

Досега се организирани 7 финални рунди.

EBEC 2009 Гент, Белгија - 1-12 август
EBEC 2010 Клуж Напока, Романија - 1-11 август
EBEC 2011 Истанбул, Турција - 1-11 август
EBEC 2012 Загреб, Хрватска - 1-8 август
EBEC 2013 Варшава, Полска - 1-9 август
EBEC 2014 Рига, Латвија - 1-9 август
EBEC 2015 Порто, Португалија - 2-11 август

Духот на БЕСТ

уреди

ЕBEC е натпревар кој се има распространето насекаде низ Европа, допирајќи до илјадници студенти, универзитети и компании. Но, тоа што го прави овој натпревар уникатен не се бројките или техничките резултати, туку познатиот “EBEC дух”. Toa e атмосферата за време на натпреварот, дел од која е тимската работа, неверојатната креативност поврзана со знаење, амбицијата да се покаже најдоброто од самите себе. Ова е тоа што ги поттикнува студентите да учествуваат и да работат на најдоброто решение, тоа што ги поттикнува професорите и експертите да го понудат своето знаење за транспарентност на натпреварот, тоа што ги поттикнува компаниите да го поддржат натпреварот и да се осигураат дека студентите ќе имаат шанса да работат на најновите технолошки проблеми и секако ова е тоа што ги поттикнува членовите на БЕСТ да работат постојано со сè повеќе и повеќе желба за да го развијат натпреварот. Тој дух е тоа што ги поврзува сите овие луѓе околу една заедничка цел, која е претставена преку мотото “Дизајнираj ja иднината. Денес.” (“Design the Future. Today”, анг.).

Награди и номинации

уреди

Финалната рунда во Порто во 2015 беше квалификувана како најдобриот проект од Португалија во наредната рунда на натпреварот “European Charlemagne Youth Prize”.

Поддржувачи

уреди

БЕСТ секогаш ја бара поддршката од институции кои го вреднуваат трудот на организацијата и кои ја делат истата визија, да имаат импакт на студентите во Европа. Досега, EBEC бил поддржан од многу институции и тела, како UNESCO, Young in Action, European Society for Engineering Education (SEFI), Institute of Electrical and Electronics Engineers.

Универзитети кои го поддржувале EBEC во текот на последните години се: Aristotle University of Thessaloniki, Czech Technical University in Prague, Graz University of Technology, National Technical University of Athens (NTUA), Silesian University of Technology in Gliwice, Universidade do Porto, Yildiz Teknik Universitesi итн.

Акредитација

уреди

Натпреварот веќе почнува да биде препознаен од универзитети како проект од висок квалитет што придонесува за образованието на партиципантите. Учесниците на финалната рунда во Порто 2015 се првите кои добиле ECTS кредити од страна на универзитетот на Порто.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди