Европска кристалографска заедница

Европската кристалографска заедница (European Crystallographic Association, ECA) е независна научна организација која ги претставува националните кристалографски заедници на Европа, Африка, и Блискиот Исток, како и индивидуалното членство. ECA е основана во 1997 година.[1] и во моментов (мај 2021 година) има 35 национални и неколку стотини индивидуални членови. ECA е една од четирите регионални членки на Меѓународната унија за кристалографија (International Union of Crystallography, IUCr). Останатите три независни регионални членки се Американската кристалографска заедница (American Crystallographic Association, ACA), Азиската кристалографска заедница (Asian Crystallographic Association, AsCA) и Латиноамериканската кристалографска заедница (Latin American Crystallographic Association, LACA). ECA е регистрирана во Нијмеген (Nijmegen), Холандија.[2]

Лого на Европската кристалографска асоцијација

Мисијата на ECA е да ја промовира кристалографијата од сите нејзини аспекти, вклучувајќи и сродни подрачја од областа на некристални цврсти состојби, како и ширење на европската соработка на подрачјето на кристалографијата. Овие цели се реализираат преку поддршка на кристалографските конференции, работилници и школи во Европа и Африка.

Историја

уреди

ECA е формирана за време на 17. Европска кристалографска конференција (European Crystallographic Meeting, ECM) во Лисабон во 1997 година и претставува наследник на Европскиот одбор за кристалографија (European Crystallographic Committee, ECC) формиран во 1972 година, во чија организација се одржани претходните Европски кристалографски конференции (ECM).[3] Поранешниот историјат на ECA сè до ECM 25, кој е одржан во Истанбул, прикажан е во написот од C. Lecomte.[4] Неодамнешното минато е прикажано во текот на ECM 28 одржан во Warwick во Англија во 2013 година и објавено во трудот .[5]

Организација

уреди

Водечки тела на ECA се Советот на Европската кристалографска заедница и неговиот Извршен одбор. Советот е одговорен за стратегијата на ECA и секоја национална членка е претставена од страна на еден член (советник) во тоа тело. Индивидуалните членови, исто така, избираат по еден свој претставник во тоа тело на ECA на секои 100 индивидуални членови. Извршниот одбор на ECA е одговорен за работата, делувањето и водењето на заедницата помеѓу состаноците на Советот.

Интересните групи од посебен (Special Interest Groups, SIGs), како и од општ интерес на индивидуалното членство (General Interest Groups, GIGs) претставуваат платформа на научниците за размена на слични научни идеи и интереси. Обете интересни групи активно придонесуваат при осмислувањето на научната програма на Европската кристалографска заедница.

Награди

уреди

ECA доделува Награда Max-Perutz, за посебно достигнување во било кое подрачје од кристалографијата. Заедно со European Neutron Scattering Association (http://neutronsources.org/neutron-centres/europe/ensa.html Архивирано на 28 септември 2017 г.), ENSA, ECA доделува и Награда Erwin Felix Lewy Bertaut на млад научник во знак на признание за значителен придонес кон изучувањето на материјата со помош на кристалографски методи или методи на неутронско расејување.

Наводи

уреди
  1. [1] IUCr Newsletter, Volume 6, No. 4 (1998) ISSN 1067-0696
    coden IUC-NEB
  2. http://ecanews.org/about-eca/statutes-and-by-laws/#statute01
  3. [2] Acta Crystallographica – Foundations of Crystallography, Volume A66, pages 1-4 (2010)
  4. Lecomte, C. (2002). http://www.rigaku.com/downloads/journal/Vol19.1.2002/preface.pdf Архивирано на 24 септември 2015 г.
  5. ECA recent history: from Leuven to Rovinj and before" Acta Crystallographica, Volume A69, page 260, (2013) (PDF-Datei)

Надворешни врски

уреди