Еврејска астрологија

Еврејска астрологија - астролошки верувања зачувани во еврејските книги за тоа дека небесните тела можат да влијаат на работите на поединци и на цели народи на земјата.

Дополнително на записите од минатите цивилизации, еврејската литература зачувала многу од деталите поучни за одлучувачките фактори вклучени во давањето на различни астролошки прогонзи.[1]

Рабинско верување

уреди
 
Мозаик од 5 век од Јудеја на кој се прикажани знаците на Зодијакот
 
Ленгнау вимпел од 1726 година покажува ситно извезена скорпија, во колекцијата на Еврејскиот музеј на Швајцарија.

Во Талмуд, меѓу израелските мудреци е претставена полемика за тоа дали хороскопските знаци влијаат на судбината на една личност. Мислењата за поддршка се на Џошуа бен Леви,кој верува дека астролошките соѕвездија (мазал) можат да направат човек мудар, па дури и да го збогатат. Спротивно на тоа, Јоханан бар Напаха имал став дека „Израел не е обврзан со ефектите од променливите хороскопи“ Тој се обидел да донесе доказ од еден стих земен од пророкот Еремија: „Не учи го патот на народите, ниту пак плаши се од небесните знаци, бидејќи народите се уплашени од нив“. [2]

Мислењата на Ава Ариха,на Самуил од Нехардеја и на рабин Акива, сепак, се чини дека ја поддржуваат применетата астрологија, иако народот на Израел не е врзан од влијанијата на соѕвездијата. Самуил од Нехардеја рекол: „Ги знам патиштата на небото како што ги знам патиштата на Нехардеја, освен кометата, за која не знам ништо“.[3]

На неколку места во Талмудот е наведено дека секој човек има небесно тело (мазал), т.е. одредена ѕвезда која е неговиот покровител од зачнувањето и раѓањето.[4] За двајца родени под иста ѕвезда се вели дека имаат телесно и духовно сродство.

Големите луѓе на Израел во средниот век, како Саадија Гаон, во неговиот коментар на Сефер Јецира; Соломон ибн Габирол во неговиот Кетер Малхут и Абрахам бар Хија, ха-Наси[5] и Абрахам ибн Езра, ја сметале астрологијата за вистинска мудрост, па дури и го изразиле ова верување во нивните дела.[6] Јуда Халеви, исто така, во својот магнум опус, Кузару, признал дека небесните тела имаат влијание врз земните работи, но не признава дека астролозите имаат способност да го одредат начинот на работа на ѕвездените системи врз луѓето и другите живи суштества во копнениот свет.

Мајмонид, кој живеел кон крајот на дванаесеттиот век, заземал покритички пристап кон темата астрологија,[7] пресудувајки дека човекот е целосно неспособен да ги претскажува иднината со набљудување на небесните тела, особено ако истите тие астролошки формули се погрешни. [8] Затоа, тој целосно ја откажал неговата практика. [9] Меѓу раните рабини, Мајмонид бил единствениот рабински антагонист на таквите практики. Еден од неговите современици и спорници, Абрахам бен Давид, во неговите светлини на Мише Торра на Мајмонид,го тврди влијанието на ѕвездите врз судбината, додека тврди дека со вера во Бог човекот може да го надмине ова влијание.

Моше Хаим Лузато, за време на ерата на просветителството и иако всушност никогаш не го користел своето знаење за окултното за да предвидува иднина, зборува за влијанијата на ѕвездите во неговата книга Дерек Хашем.

Наводи

уреди
  1. Friedlander 1916
  2. Jeremiah 10:2 HE
  3. Ha-Kohen 1968
  4. Encyclopaedia Judaica 1973
  5. Sela 2006
  6. Abraham ibn Ezra once wrote, "The orb and constellations of the Zodiac are in their stations. / They have inclined in their circuit because of my nativity. // I have wearied myself to become successful, but to no avail, / for the stars of my heavens have dealt perversely with me!" [Original Hebrew: גַּלְגַּל וּמַזָּלוֹת בְּמַעְמָדָם נָטוּ בְּמַהְלָכָם לְמוֹלַדְתִּי אִיגַע לְהַצְלִיחַ וְלֹא אוּכַל כִּי עִוְּתוּנִי כּוֹכְבֵי שָׁמָי].
  7. Maimonides 1965
  8. Maimonides 1978
  9. Maimonides 1974

Надворешни врски

уреди