Евгенија Јанчулева

Евгенија Јанчулева (Прилеп, 1875 - прва половина на XX век) е македонски просветен деец, борец за правата на жените.[1]

Биография

уреди

Нејзиното родено презиме е Ракиџиева. Нејзина сестра е револуционерката Фанија Ракиџиева. По стапувањето во брак со докторот Јордан Јанчулев од Прилеп го зела неговото презиме. Предавала и била директорка на Прилепското женско училиште. Отворила неделно училиште во Прилеп и така помагала во описменувањето на возрасното население во Прилеп.

Подоцна се вклучила во македонското револуционерно движење како курир и примајќи ги македонските револуционери на престој во својот дом.

Познати се три нејзини одржани јавни настапи во женското училиште во Прилеп: еден во 1892, а два во 1894 година, на кои се залагала за зголемено учество на жените во јавниот живот.[2]

Наводи

уреди
  1. Ковилоски, Славчо (2018). „НАДМИНУВАЊЕНАНЕМОСТА: ЈАВНИТЕ НАСТАПИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ВО XIX ВЕК“. Philological Studies 16, 2, (2018) 29-40.
  2. Ковилоски, Славчо (2019). „ЕВГЕНИЈА ЈАНЧУЛЕВА ИЛИ ЗА ЕМАНЦИПАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ВО XIX ВЕК“ (PDF). Спектар, бр. 73, 14.