Европски систем на централни банки

(Пренасочено од ЕСЦБ)

Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) се состои и од Европската централна банка (ЕЦБ) и од националните централни банки (НЦБ) на сите 27 држави - членки на Европската Унија.

Функции

уреди

“Евросистем” е терминот кој се користи како синоним за ЕЦБ и Националните централни банки на државите - членки кои го прифатија еврото (исто така познат како евро-област). Во согласност со Договорот за воспоставување на Европската заедница и Статутот на Европскиот систем на централни банки и на Европската централна банка, примарната цел на Евросистемот е да ја одржи ценовната стабилност (со други зборови да ја контролира инфлацијата). Без да се навлегува во оваа цел, Евросистемот ќе ги поддржува генералните економски политики на Заедницата и дејствува во согласност со принципите на пазарната економија.

Основните задачи кои треба да ги извршува Евросистемот се:

  • да ја дефинира и имплементира монетарната политика на евро-областа;
  • да изведува операции на надворешна размена;
  • да ги чува и да управува со официјалните надворешни резерви на државите - членки;
  • да промовира “мазно” делување на платните системи.

Организација

уреди

Процесот на одлучување во Евросистемот е централизиран низ телата за одлучување на ЕЦБ, имено Управниот совет и Извршниот одбор. Сè додека постојат држави кои не го прифатиле еврото, ќе постои и трето тело за одлучување - Општиот совет. Националните централни банки на државите - членки кои не партиципираат во евро-зоната се членки на ЕСЦБ со специјален статус - додека од една страна им е дозволено да водат нивна респективна монетарна политика, тие не земаат учество во одлучувањето во однос на единствената монетарна политика за евро-зоната и имплементацијата на таквите решенија.

Управниот совет ги опфаќа сите членови на Извршниот одбор и гувернерите на националните центални банки на државите - членки без отстапување, т.е. оние земји кои го усвоиле еврото. Главните надлежности на Управниот совет се:

  • Да усвојува насоки и да донесува решенија неопходни за да се осигури изведувањето на задачите доверени на Евросистемот.
  • да ја формулира монетарната политика на евро-областа, вклучувајќи, каде што е соодветно, решенијата поврзани со среднорочните монетарни цели, клучните каматни стапки и снабдувањето со резерви во Евросистемот и
  • да утврди неопходни насоки за нивната имплементација.

Извршниот одбор ги опфаќа претседателот, потпретседателот и 4 други членови, сите избрани од личности кои се признати и имаат признато професинално искуство во монетарните или банкарските работи. Тие се назначени со заеднички договор на владите на државите - членки на ниво на шефови на држави или влади, по препорака на Советот на ЕУ откако овој ги консултирал Европскиот парламент и Управниот совет на ЕЦБ (т.е. Советот на Европскиот монетарен институт (ЕМИ) за првите назначувања). Главните надлежности на Извршниот одбор се:

  • да ја имплементира монетарната политика во согласност со насоките и решенијата поставени од Управниот совет на ЕЦБ, и правејќи го тоа, да ги дава неопходните интруцкции на Националните централни банки и
  • да ги извршува оние надлежности кои му биле делегирани од страна на Управниот совет на ЕЦБ.

Општиот совет го опфаќа Претседателот и потпретседателот и гувернерите на НЦБ на сите 25 држави - членки. Општиот совет ги извршува задачите што ЕЦБ ги презела од Европскиот Монетарен Институт и кои, како резултат на отстапувањето на една или повеќе држави - членки, сѐ уште мора да бидат извршувани во Третата фаза на Еономскиот и монетарен сојуз. Општиот совет исто така придонесува за:

  • советодавните функции на ЕЦБ
  • прибирањето на статистички податоци
  • подготовката на годишните извештаи на ЕЦБ
  • утврдувањето на неопходните правила за стандардизирање на сметководството и извстување за операциите преземени од страна на НЦБ.
  • донесувањето на мерки поврзани со утврдувањето на клучот за претплата на капиталот различни од оние веќе поставени во Договорот.
  • неопходните подготовки за неповратно фиксирање на курсните размени на валутите на државите - членки кои се во отстапување во однос на еврото.

Евросистемот е независен. Кога ги извршува задачите поврзани со Евросистемот, ниту ЕЦБ, ниту НЦБ, ниту било кој член на телата за одлучување може да бара или да прима инструкции од било кое надворешно тело. Институциите на Заедницата и телата и владите на државите - членки не смеат да влијаат врз членовите на телата за одлучување на ЕЦБ или на НЦБ во извршувањето на нивните задачи. Статутот на ЕСЦБ содржи правила за следните мерки со цел да осигури независност на гувернерите на НЦБ и членовите Извршниот одбор:

  • минимум обновлив мандат на гувернерите од 5 години
  • минимум необновлив мандат за членовите на Извршниот одбор од 8 години (треба да се забележи дека системот на стаггеред назначувања беше употребен за првиот извршен одбор за членовите освен за Претседателот се цел да се обезбеди континуитет).
  • отстранување од служба е можно само во случај на неспособност или сериозна грешка; во овој поглед е надлежен Судот на правдата на Европските заедници.

Капиталот на ЕЦБ изнесува 5 милијарди евра. НЦБ се единствените претплатници на капиталот на ЕЦБ. Претплатата на капиталот е заснована врз клучот утврден врз основа на респективните удели во БНП и населението на Заедницата на државите - членки. Досега беше уплаќан сè до ниво на нешто над 4 милијарди евра. НЦБ од Еврозоната ги платија нивните респективни претплати на капиталот на ЕЦБ во целост. НЦБ на државите - неучеснички платија 5% од нивните респективни претплати на капиталот на ЕЦБ како придонес кон оперативните трошоци на ЕЦБ. Како реултат на ова, ЕЦБ беше основана со почетен капитал од нешто над 4 милијарди евра. Кога Грција влезе во третата фаза на ЕМУ на 1 јануари 2001 Банката на Грција го плати остатокот од 95% од нејзината претплата кон капиталот на ЕЦБ.

Покрај ова, НЦБ на државите - членки кои партиципираат во еврозоната обезбедија надворешни резерви во средства чија вредност во пари е околу 40 милијарди евра. Контрибуциите на цекоја НЦБ беа во фиксиран сразмер во однос на нејзиниот удел во пропишаниот капитал на ЕЦБ, додека за возврат секоја национална централна банка беше кредитирана од страна на ЕЦБ со барање во евра еквивалентно на нејзината контрибуција 15 % од контрибуциите беа направен во злато, а останатите 85 % во американски долари и јапонски јени.