Дједматесанк била египетска жена од Теба (денешен Луксор), која живеела во IX век п.н.е. Нејзиното тело е зачувано како мумиија во украсен саркофаг, кој денес е изложен во Кралскиот музеј на Онтарио. Преку истражувања и детални компјутерски томографии (CT) на нејзините останки, научниците откриле важни информации за нејзиното здравје, можната причина за смртта и некои аспекти од нејзиниот семеен живот. Скeновите покажуваат дека можеби била неплодна, што е необично за жена на нејзина возраст од тоа време, бидејќи коските на карлицата ѝ останале недопрени.

Дједматесанк
Мумијата на Дедмаатесанк

Таа исто така била и музичарка

Живот

уреди

Нејзиниот саркофаг го наведува името на нејзиниот сопруг како Паанкентеф, што во превод значи „Животот му припаѓа нему (или неговиот). Египтологот Гејл Гибсон и Стефани Холовка, техничар во болницата за болни деца во Торонто, презентирале докази за поддршка на теоријата дека Паанкемамун, мумија изложена во Институтот за уметност во Чикаго, е сопруг на Дједматесанк. Гибсон цитира дека двата ковчези се многу слични и дека Паанкентеф би бил прифатлива кратка форма на Паанкенамун, Холовка истакнал дека скенирањата што ги извршил покажале дека има „особини во процесот на мумификација што ги споделувале и мумиите„.

Смрт

уреди

Дополнителните испитувања откриле дека тешка забна инфекција веројатно била причина за нејзината смрт преку предизвикување на крвна инфекција. Деталните скеновите на нејзината мумиија откриле и многу за практиките на мумифицирање во древен Египет, покажувајќи дека нејзините внатрешни органи веројатно биле извадени и завиткани во ленени пакети поставени во телесната празнина, со долниот дел торзото е наполнето со ткаенина.