Дружината на Лорд Чемберлејн

Дружината на Лорд Чемберлејнтеатарска дружина за која Шекспир творел најголемиот дел од неговиот живот. Формирана при крајот на еден турбулентен период во театарскиот свет во Лондон, до 1630 година таа станалa една од двете водечки театарски дружини во градот и како резултат на тоа, влегла под раководство на Џејмс I. Било основано за време на владеењето на Елизабета I во 1594, под водство на Прв Барон Хадсон, а потоа и од Лорд Чемберлејн, кој бил задолжен за забавување на Дворот. По смртта на покровителот на дружината на 23 јули 1594, таа била под водство на неговиот син, Џорџ Кери, Вториот Барон Хадсон, а била попозната под името Дружината на Лорд Хадсон додека не станал Лорд Чемберлејн, во март 1597, при што се променило и името на дружината. Дружината се преименувала во Кралската дружина во 1603 кога Џејмс I го наследил престолот и станал патрон на дружината. Компанијата си ги задржала ексклузивните права да ги изведува драмите на Шекспир.

Театри

уреди
 
Принтот, е обезбеден од Холаровиот Долг поглед на Лондон од 1644, на Глоуб Театарот во 1614.

Од 1594 година, глумците настапувале во Театарот, во Шордич. Проблемите со поседникот предизвикале компанијата да се премести до блискиот Театар Завеса во 1597. Вечерта на 29 декември 1598, театарот бил демонтиран од браќата Бурбиџ, Вилијам Смит (задолжен за финансиите) и столарот Питер Стрит, со околу 10-12 работници. Гредите биле однесени јужно од реката за да се формира новата театарска куќа, Глоуб Театарот во Саутварк. Изграден 1599 година, овој театар бил уништен на 29 јуни 1613. Бил повторно изграден во јуни 1614, а конечно бил затворен во 1642. Современата реконструкција на првичниот Глоуб Театар, именувана како "Глоуб Театарот на Шекспир" или "Новиот Глоуб Театар," opened in 1997. бил отворен 1997. Има просечно околу 230 метри (755 стапки) од страната на првичниот театар, надвор од Парк Стрит.

Персонал

уреди

Првичната форма на Дружината на Чемберлејн, произлегла главно од раздвојувањето на Едвард Ален од Дружината на Лорд Стрејнџ и последователната смрт на Лорд Стрејнџ во пролетта 1594. Сепак, главниот успех на компанијата бил во голема мера предодреден од семејството Бурбиџ. Џемјс Бурбиџ бил импресарио, кој ја собрал дружината и ги управувал нејзините активности, сè до смртта во 1597; неговите синови Ричард и Катберт биле членови на дружината, иако Катберт не глумел. Поради оваа врска со семејството Бурбиџ, Дружината на Чемберлејн имала главна врска во синџирот на професионалниот театар, кој се проширува од почетокот (во 1574, Џејмс Бурбиџ издејствувал првата клапа на глумци да биде заштитена под 1572 statute against rogues and vagabonds|статутот од 1574, против измамници и багабонти) во ренесансен Лондон, па сè до крајот. (Во 1642 година, Дружината на Кралот била меѓу глумецските друштва, чиј живот згаснал со парламентарната забрана на сценските настапи.) Дружината на Чемберлејн се состоела од јадро од шест до осум „сопственици“ кои ги делеле профитите и долговите, најверојатно еднаков број на ангажирани мажи, кои глумеле споредни улоги или биле замена и од помал број на момчиња-актерикои имале улога на помошници на искусниот глумец. Изворниот број на „сопственици“ бил осум. Најверојатно, најпознат во средината на 1590те бил Вилијам Кемп, кој бил во дружината Ерлот од Лестер во 1580-те, а подоцна се придружил на Дружината на Кралот. Како „кловнот“ на дружината, тој претежно се појавувал во комични улоги, тој се идентификува со Питер во квартото на Ромео и Јулија,и најверојатно и Догбери, во Многу врева за ништо како и Задрогаз во Сон на летната ноќ. Кемп, традиционално се смета за објект на жалбите на Хамлет, во врска со „кловновите“, кои импровизираат; без оглед на тоа дали оваа асоцијација била точна или погрешна, Кемп го напушта друштвото во 1601 година. Други два „сопственика“ од Дружината на Стрејнџ, исто така имале долгорочна асоцијација со Кемп. Џорџ Брајан бил во Дрyжината на Лестер во 1580-те и во Елсинор со Кемп во 1586; и бидејќи не е споменат во документите на дружините Чемберлејн или Лестер, се смета дека Брајан се пензионирал од сцената во 1597 и 1598. (Брајан потоа живеел уште неколку години; за време на владеењето на Џејмс I, тој е именуван како Младоженецот од Одајата, со одредени домашни обврски, околу 1613 година.) Томас Поуп, уште еден ветеран на Лестер, се пензионирал во 1600 и починал во 1603 година. И Брајан и Поуп дошле во дружината од Дружината на Лорд Стрејнџ. И Августин Филипс дошол од истата дружина. Тој останал тука до неговата смрт во 1605.

 
Мемориал на Тудоровите глумци закопани во Црквата Св.Леонард Шоредит – вклучувајќи ги Џејмс Бурбаџе и неговите синови, Ричард Бурбаџе and Кутберт Бурбаџе, меѓу другите.

Други двајца помлади глумци кои дошле од Дружината Стрејнџ се Хенри Кондел и Џон Хемингс, are most famous now for collecting and editing the plays of Shakespeare's Прво размножување (1623). најпознати по собирањето и објавувањето на драмите на Шекспир (1623). Двајцата биле релативно млади во 1594 и двајцата останале во дружината до смртта на Џејмс; нивното присуство обезбедило елемент на континуитет низ декадите на менување на вкусот и комерцијалната неизвесност. (Некои научници сметаат дека дружината ја задржала нејзината почетна структура од осум сопственици и дека доколку некој од нив си заминел поради пензионирање или смрт, неговото место се пополнувало со друг. Па така, Брајан бил заменет со Вилијам Слај, (1597); Кемп со Роберт Армин, (1599); Поуп бил заменет со Кондел (1600).[1] 1 Но иако ова е можно, сè уште не е докажана валидноста на оваа шема со доказ.) Двата члена кои најмногу придонеле за Дружината на Чемберлејн, не доаѓаат од Дружината на Стрејнџ. Активностите на Шекспир пред 1594 се прилично дискутабилни; не е точно познато дали тој бил воДружината на Пембрук или на Дарби во раните 1590-ти. Како член, тој бил првиот еднакво значаен и драмски писател и глумец. Иако не се знае конкретно, но најверојатно порано, неговите напишани дела станале позначајни, иако тој продолжил да глуми сè до 1603, кога се појавил во Сејанус на Бен Џонсон.

Не помалку значаен е и Ричард Бурбич.Тој бил главниот глумец на Дружината Чемберлејн и ги глумел Хамлет и Отело, а понатака и Кралот Лир и Макбет во времето на новото владение на Кралот Џејмс, а глумел и во многу други значајни улоги. Иако бил малку познат во 1594, тој ќе стане еден од најпознатите ренесансни глумци, достигнувајќи големина што ќе успее да ја надмине само Ален. Меѓу вработените членови, имало и такви кои подоцна станале главни членови. Вилијам Слај, кој повремено настапувал и со Дружината на Адмиралот во текот на 1590-те, учествувал со Дружината на Чемберлејн по 1598 година, а и подоцна; станал главен член по смртта на Филипс, во 1605 година. Ричард Каули, кој го идентификувале како Верџ од кватрото на „Многу врева за ништо“, станал главен член во Дружината на Кралот. Николас Тули, кој во еден период му бил помошник на Бурбиџ, останал со дружината, до неговата смрт во 1623. John SinclerЏон Синклер(или Синкло) речиси специјализирал во играњето на „ситните“ ликови; најверојатно останал ангажиран во дружината. Џон Дјук, исто така бил ангажиран во друштвото, но во раното владеење на Кралот Џејмс, отишол во Дружината на Ворчестер.

Најмалку двајца од момчињата-помошници се здобиле со значајни кариери. Александар Кук се поврзува со играње на голем број од женските ликови во Шекспировите драми, а Кристофер Бистон станал имотен импресарио во седунаесетиот век.

Подоцнежни членови

уреди

Основните членови на друштвото се менувале, во помала или во поголема мера, пред доаѓањето на Џејмс. Најпозната таква случка е доаѓањето и заминувањето на Вил Кемп, под сè уште непознати околности. Кемп бил помеѓу акционерите на имотот на Глоуб и можеби и учествувал во театарот во првата година. Неговиот познат танц-морис во Норвич се случил за време на велигденскиот пост, кога друштвото не функционирало активно; не пред брзо-додадениот епилог „Чудо за девет дена“ (според неговите пресметки на подвигот) сакал да се наврати на поединечните изведби. Можеби имал помош при неуспешните кватра на Хамлет и Чудото на Лондон, каде што и од деловите наменети за кловн се барала огромна прецизност.

Која и да била причината за неговото напуштање, Кемп бил заменет од Роберт Армин, претходно од Друштвото на Чандо и автор со сопствени права. Како малечок и необичен, Армин понудил одредени поинакви можности за Шекспир, а промената се гледа во последните елизабетански и првите јакобински драми. Армон главно е задолжен за појавата на ликови од типот на Фесте во Дванаесеттата ноќ, Тачстоун во Како милувате, и шутот во Крал Лир.

Така, до 1603, јадрото на дружината било подмладено, во споредба со она од 1594. Брајан, Поуп и Кемп, ветераноте од 1580-те, си заминале, а останатите членови (можеби со исклучок на Филипс), имале околу четириесетина години.

Репертоар и изведби

уреди

Делата на Шекспир, без сомнение, овозможиле огромен обем на репертоарот на дружината. Во нивната прва година, тие играле постари драми од Шекспир, кои останале вонегова сопственост, меѓу кои и Хенри 6, Дел 2, Хенри 6, Дел 3, и Тит Андроник. Сон на летната ноќ кои најверојатно биле и првите драми кои Шекспир ги напишал за новата дружина; во понатамошните години, неговата креативност резултирала со драми како Ромео и Јулија, Трговецот од Венеција, кои спаѓаат во вториот период на творештво на Шекспир. Репертоарот од драми кои не биле напишани од Шекспир, на почетокот, не е точно познат, драмите како Проблематичното владение на Кралот Џон, или Едвард 2 од Кристофер Марлоу, се можните кандидати за тоа. Најраната драма што не ја напишал Шекспир, а за која се знае дека е поставена од друштвото е „Секој човек со својот табиет на Бен Џонсон Секој човек со својот хумор, која била подготвувана во средината на 1598; исто така го поставиле и тематското продолжение,, Секој човек без својот хумор (недостаток), наредната година.

Поради успехот на овие претстави, дружината набргу станала соперник со дружината на Ален, во Лондон; веќе во 1595, тие имале четири изведби во Дворот, а потоа уште шест, наредната година и уште четири во 1597. Типично за една елизабетанска дружина, овие години биле исполнети и со неизвесност. Дружината, заедно со останатите, го почувствувала тоа кога во летото 1598, поради нередот околу Островот на кучињата привремено биле затворени театрите; сепак според некои извори од Довер и Бристол, неколку дружини имале турнеи тоа лето. Ликот на Фалстаф, иако многу популарен на почетокот, го разлутил Лорд Кобхам, кој се противел на употребата на првичното име на ликот (Олдкасл), кое потекнало од семејството на Кобхам. Во последните години од тој век, дружината продолжила да ги прикажува новите драми на Шекспир, меѓу кои и Јулиј Цезар и Хенри 5, кои и најверојатно го отвориле Глоуб, и „Хамлет“, кој најверојатно најпрво се изведувал во Завесата. Меѓу драмите кои не биле на Шекспир, се изведувале: „Предупредување за лесните жени“ , која со сигурност се извела, како и „Томас Лорд Кромвел“, која понекогаш имала спасувачка улога при театарските настани, заедно со Дружината на Адмиралот, чии загубени претстави датираат од истата година. Во 1601 година, заедно со нивното индиректно вмешување во востанието во Есекс, дружината играла улога при не толку сериозниот конфликт, наречен Војна на театрите. Тие ја поставиле Сатиромастикс од Томас Декер ,која е сатира на Бен Џонсон и се смета дека резултирала со расправија. Некако нетипично, но Бен Џонсон немал негативен став кон дружината; во 1603, ја поставиле „Сејанус“, со разочарувачки резултати. Ја изведувале и „Чудото на Лондон“, „Веселиот ѓавол од Едмонтон“ и „Чесната мома од Бристоу“ реткоста во тоа е што тоа е претстава на Чемберлејн, која во ниту еден момент не му била припишана на Шекспир.

Контроверзии

уреди

Дружината на Лордот Чемберлејн и поединечните членови, во голема мера ги избегнале скандалите и турбуленциите со останатите друштва и глумци, кои некогаш и самите биле вклучени. Најсериозната тешкотија со владата се случила како резултат на нивното индиректно вмешување во побунувањето на Ерлот од Есекс. Некои од поддржувачите на Есекс извеле и специјален настап на Ричард 2 од Шекспир, со надеж дека со прикажувањето на падот на тој крал, може да ја поведе публиката да дојде до пад на Елизабета (која подоцна и самата кажала: „Јас сум Ричард 2, знаете“?) Августин Филипс бил испрашуван по тоа прашање и тој одговорил дека на глумците им биле понудени 40 шилинзи повеќе отколку вообичаената цена и дека тоа е причината поради која ја изведувале претставата на 7 февруари, денот пред востанието во Есекс.2 Објаснувањето било прифатено; дружината и членовите поминале неказнето, па дури и имале изведба пред Елизабета во Вајтхол на 24 февруари, денот пред погобувањето на Лордот од Есекс.[2] The explanation was accepted; the company and its members went unpunished, and even performed for Elizabeth at Whitehall on 24 February, the day before Essex's execution.

Во наредната 1602 година Кристофер Бистон бил обвинет за силување. Се смета дека веројатно некој од Дружината на Лорд Чемберлејн го придружувал Бистон на сослушувањето пред судењето во Брајдвел и предизвикал конфликти таму, но ништо не може да се каже со сигурност.[3]

Белешки

уреди
  1. Халидеј, Шекспирова дружина, стр 90-1.
  2. Бејт, Џонатан (2008) Духот на времето. Лондон: Пенгвин. Стр. 256-286.
  3. Данкан Салкелд, „Литературните белези во Брајдвел и Бетлем, 1602-1624 “Преглед на англиски студии“, вол. 56, бр225, стр. 279-85.

Библиографија

уреди
  • Адамс, Џ. К. Шекспирови театарски дружини: Историја на англиските театарски дружини од почетокот до Реставрацијата. Бостон, Мас.? Хјутон-Мифин, 1917.
  • Болдвин, Т.В. Организација и персонал во дружините на Шекспир. Принстон: Принстон Јуниверсити Прес, 1927.
  • Чемберс Е. К.. Елизабетанска сцена. Четири тома. Оксфорд: Чарлендон Прес, 1923.
  • Кук, Ен Џенали Прилегираните драмски дејци во Лондон во времето на Шекспир, 1576–1642. Принстон: Принстон Јуниверсити Прес, 1981.
  • • Гред В. В. Драмски документи од елизабетанските театарски куќи. Два тома. Оксфорд: Оксфорд Јуниверсити Прес, 1931.
  • Гар Ендрју. Шекспировска сцена, 1574–1642. 3-то издание. Кембриџ: Кембриџ Университи Прес, 1992.
  • Халидеј, Ф. Е. Шекспирови дружини 1564-1964. Балтимор, Пингвин, 1964.
  • Нунзгер, Едвин. Речник на глумци и други личности асоцирани со јавниот живот и презентација на претстави во Англија пред 1642. Нов Хевн:Јеил Универзитет Прес, 1929.