Државна круна на Германија
Во 1871 година бил создаден дизајн и модел за нова државна круна за да ја одрази новата германска империја. Моделот се засновал на круната на Светото Римско Царство и била зачувана во музејот Хоенцолерн во "Шлос Монбиџоу" во Берлин, додека не исчезнала за време на Втората светска војна. Таа никогаш не била пронајдена. Финалната круна не била направена. Сепак, дизајнот се користел како хералдички симбол за германскиот Кајзер од 1871 до абдицирање на Кајзер Вилхелм во 1918 година. Круната најмногу се користела како хералдички симбол, во германскиот грб и личниот стандард на царот.
Цртежот на круната се користи како амблем на германската монархистичка група наречена ("традиција и живот").
Круни за царицата и престолонаследникот биле дизајнирани и изработени од дрво.