Драган Вретоски
Драган Костов Вретоски (24 јануари 1923 во Велгошти, Охридско — 15 април 1945 во Врпоље, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиДраган Костов Вретоски е роден на 24 јануари 1923 година во селото Велгошти. Се занимавал со земјоделство. Кон НОБ пристапил доброволно на 16 август 1944 година. Во составот на Првата македонска ударна бригада загинува на Сремскиот фронт кај Врпоље, на 15 април 1945 година.[1]