Долината на Нервија

Долината на Нервија е слика на крајот на 19 век од францускиот уметник Клод Моне. Делото е во збирката на Музејот Метрополитен.[1]

Долината на Нервија
Творец Клод Моне
Година 1884
Материјал Масло на платно
Димензии 66 см × 81.3 см
Место Метрополитен, Њујорк

Опис

уреди

Долината на Нервија ги прикажува планините на италијанското крајбрежје, каде што Моне поминал неколку месеци во 1884 година.[1]

Композицијата се состои од три хоризонтални ленти во боја, горна бела лента со завеани планини, зелен појас на подножје и долен беж преден план во кој се наоѓа селото Кампоросо под подножјето на бреговите на реката Нервија.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „metmuseum.org“. www.metmuseum.org. Посетено на 24 септември 2020.
  2. „Valley of the Nervia 1884“. Посетено на 24 септември 2020.