Доведување до апсурд

Доведување до апсурд (лат. reductio ad absurdum) е често употребувана форма на аргумент кој бара да се демонстрира дека дадена изјава е вистинита со тоа што ќе покаже дека од нејзиното неприфаќање произлегува лажен, непостојан или апсурден резултат,[1][2] или, пак, во спротивно да демонстрира дека дадена изјава е лажна со тоа што ќе покаже дека од нејзиното прифаќање се добива лажен, непостојан или апсурден резултат. Појавувајќи се најпрво во древногрчката филозофија (латинскиот назив доаѓа од грчкото ἡ εἰς ἀτοπον ἀπαγωγη или he eis atopon apagoge, „редукција до невозможното“, на пример, во Аналитика Прва од Аристотел[1]), оваа техника се користела низ историјата во формалното математичко и филозофско расудување, како и во неформалните расправи.

Џон Пети Доведување до апсурд

„Апсурдниот“ заклучок на аргументот reductio ad absurdum може да има различни форми:

  • Карпите имаат тежина, инаку би ги гледале како лебдат во воздухот;
  • Општеството мора да поседува закони, инаку би постоел хаос;
  • Не постои најмал позитивен рационален број, бидејќи доколку би постоел, тој би можел да се подели со два за да се добие помал број.

Првиот пример кажува дека одбивањето на тврдењето би имало смешен резултат, спротивен од доказите на нашите сетила. Вториот пример кажува дека отфрлањето би имало непостојан резултат: неприфатлив, нефункционален или непосакуван за општеството. Третиот пример е математички доказ, кој вели дека отфрлањето на тврдењето би резултирало во контрадикција (постои најмал рационален број, а сепак постои друг рационален број кој е помал од него).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Nicholas Rescher. „Reductio ad absurdum“. The Internet Encyclopedia of Philosophy. Архивирано од изворникот на 2010-07-12. Посетено на 21 July 09. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. http://atheism.about.com/library/glossary/general/bldef_reductio.htm