Добош торта е една од најпознатите торти во светот и најпозната унгарска торта. Се прави од 6-8 тенки кори, филувани со чоколаден крем со глазура од карамел.[1] Иако со својата форма може да потсети на добош, односно тапан, називот не е даден по инструментот, туку по својот творец Јожеф Ц. Добош, познат унгарски слаткар.[2]

Добош торта

Историја

уреди

Јожеф Ц. Добош бил сопственик на најпозантата сласткарница во Будимпешта. Освен квалитетни слатки, колачи и торти, продавал и фини сирења и вина. Зад себе оставил повеќе книги и неколку технички изуми за помош во кујна, но благодарение на тортата станал славен.[3]

Тортата ја претставил на Националната изложба во Будимпешта во 1885 година. Меѓу први ја пробале австроунгарската крлица Елизабета и нејзиниот сопруг Франц Јосиф.[4]

Целосно поинаква од традиционалните торти брзо ги освоила срцата на луѓето и станала позната во Европа, а после тоа и во целиот свет. Помеѓу воодушевените, но и завидливи слаткари, биле создадени дури 120 рецепти, од кои ниту еден не се приближил на изворниот рецепт. Добош долго ја чувал тајната на својот рецепт, но како пензионер во 1906 година, го подарил оригиналниот рецепт на Здружението на слаткари на Будимпешта.[1]

Подготовка

уреди

Добош торта е создадена долго да остане свежа, вкусна и погодна за транспорт во тогашни услови без разладни уреди. Една од специфичностите на добош тортата се тенките кори. Тие треба да сепечат на подмачкан и набрашета хартија за печење, а хартијата треба да се стави на задната страна на калапот за торта. За секоја кора потребно е околу три лажици тесто. Филот е прв прав чоколаден фил во историјата на сласткарството, и се прави од чоколада, путер и јајца. Глазурата од пржен шеќер не се прелива директно по тортата, туку на хартија и се засекува на парчиња за подоцна тортата полесно да се сече, па , кога ќе се олади глазурата, се става на тортата. По таа прочуена глазура добош тортата и се разликува од било која друга торта.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „7 torti i 7 uzbudljivih priča“. zene.blic.rs. Посетено на 27 септември 2018.
  2. „Kako su najpoznatije torte dobile ime“. Bašta Balkana. Посетено на 27 септември 2018.
  3. 3,0 3,1 „Doboš torta: Prva torta punjena pravim čokoladnim filom u istoriji poslastičarstva!“. zena.blic.rs. Посетено на 27 септември 2018.
  4. „Doboš torta sa domaćim korama“. stil.kurir.rs. Посетено на 27 септември 2018.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди