Дневникот на писателот

Дневникот на писателот - дневник на рускиот писател Фјодор Достоевски. Со одредени прекини, Достоевски го објавувал „Дневникот на писателот“ во текот на неколку години од последната деценија на животот. Така, во периодот 1878 и 1879 година Дневникот не излегувал, зашто во тоа време Достоевски работел интензивно на романот „Браќата Карамазови“. Во Дневникот, тој објавувал статии во кои давал коментари на она што се случувало во Русија и во светот, а што, според него, вредело да биде забележано. Притоа, тој непосредно ги изложувал своите сфаќања за прашањата кои се однесувале на сегашноста и на иднината на Русија и настојувал да влијае врз јавното мислење.[1]

Дневникот на писателот
Дневникот на писателот 1877 г. (1878
АвторФјодор Достоевски
Изворен насловДневник писателя
ЗемјаРусија

Наводи

уреди
  1. Радован Лалић, „Предговор“, во: Фјодор М. Достојевски, Браћа Карамазови. Београд: Просвета, 1956, стр. VII-XI.