Дијана (француски: Diane chasseresse) — слика од 1867 година на францускиот сликар Пјер-Огист Реноар. Се смета дека ја прикажува љубовницата на сликарот Лиз Трео како римската божица Дијана, иако точната идентификација на моделот на сликата е оспорена од историчарите на уметноста[1].

Дијана
Diane chasseresse
Творец Пјер-Огист Реноар
Година 1867
Димензии 199,5 см × 129,5 см
Место Национална галерија на уметност, Вашингтон

Предмет и состав уреди

Предмет е Дијана од римската митологија во својство на ловец. Голата божица седи на голем камен со десната нога на издигнат костур. Нејзините испружени раце се потпираат на нејзиниот лак. Под неа се наоѓа елен прободен со стрела во вратот.

Сликата била започна како гола студија со модел во ателје. Таа ги следи конвенциите на академската уметност како што била типизирана од Салонот во тоа време. Моделот била љубовницата на Реноар, моделот Лиз Трео. Според сликарот, тој ги додал атрибутите на Дијана бидејќи „сликата се сметала за прилично несоодветна“, а нејзиното претворање во митолошка тема би ја направило поприфатлива. Деталите како што се крвта што доаѓа од устата на еленот и мовот на површината на карпата, како и употребата на шпакла за нанесување боја, покажуваат влијанија од реалисттичкиот сликар Гистав Курбе. Светлозелените бои и црвените акценти сепак повеќе потсетуваат на импресионизмот со кој Реноар се поврзал неколку години подоцна.

Историчарот на уметност Мајкл Ф. Цимерман во 2012 година тврдел дека тоа „најверојатно не е“ таа. Орсеј, исто така, се прашува дали Трео е моделот на сликата,

Потекло уреди

Сликата била поднесена во салонот во 1867 година, но била одбиена. Реноар претходно изложил слика во Салонот во 1864 година, иако ја уништил по затворањето на изложбата. Во 1868 година неговата „Портрет на Лиза“ била прифатена во Салонот. „Дијана“ била во приватни збирки до 1963 година кога Честер Дејл, кој ја купил во 1933 година од Етјен Бињу, ја оставил во наследство на Националната галерија на уметност во Вашингтон Се гледа во западната зграда на музејот, главен кат - Галерија 90.[2].

Наводи уреди