Дијаграм на растурање

Податотека:Дијаграм на растурање
дијаграм на растурање

Дијаграм на растурање

Дијаграм на растурање

уреди

Дијаграмот на растурање е математички модел кој ни ја покажува просечната врска меѓу набљудуваните појави . При анализа на одредени појави како прв чекор се зема графичко претставувањее на истите податоци . При ваква анализа можат да се набљудуваат два или повеќе белези воеднонаведуваме еден пример во кој ќе бидат исптувани два белези, односно платите на работниците и производството кое го извршуваат истите работници за едно претпријатие. Како втор чекор се определуваат независната ( X оската ) и зависната ( Y оската ) , кој во нашиот пример се платите на работниците како независна и производството како зависна променлива . Со вцртување на сите емпириски парови на испитуваните податоци се јавува врска меѓу нив, а графичкиот приказ претставува дјаграм на растурање . Статистичките испитувања ги прикажуваме во подолу наведената табела.

Од дијаграмот на растурање се забележува дека помеѓу варијациите во испитуваните појавите постои квантитативно слагање . Со порастот на платите на работниците расте и производството на единиците кои се произведуваат. Начинот на кој се распоредени точките на дијаграмот на растурање ни укажува на тоа дека се работи за праволининска врска, во тој случај се работи за стохастична врска кај која поединечните случаи покажваат отстапување од општата правилност. Доколку точките се повеќе распространети во однос на правата линија, дотолку е послаба меѓусебната зависност на две појави и обратно . Доколку распоредот на точките е сосема распространет значи дека не постои никакво квантитативно слагање на варијациите на двете појави . Мошне редок случај во економијата е овие точки да се најдат во права линија, а тогаш би претставувало функционално (детерминистичко) слагање . На Дијаграмот на растурање графички ги прикаживаме варијациите на две појави со цел да се констатира следното : - дека помеѓу нив постои квантитативно слагање - ако постои слагање кој е неговиот облик, дали праволиниски или криволиниски - која е насоката на слагањето, директна (позитивна) или инверзна (негативна) [1]
плата на работниците (во 000) производство (во 00)
18 300
22 3800
29 2100
34 4800
39 4100
50 5900
54 7100
66 8400
77 7100
83 9500
  1. Статистика за бизнис и економија