Диуретик
Диуретик е лек кој го зголемува степенот на уринирање и со тоа обезбедува присилна диуреза. Постојат повеќе групи на диуретици. Сите диуретици го зголемуваат исфрлањето на вода од телото, но секоја група го прави тоа на различен начин.
Диуретик | |
---|---|
Класа на лек | |
Употреба | Форсирана диуреза, хипертензија |
ATC код | C03 |
Класификација
уредиДиуретиците може да се поделат на:
- тиазидни диуретици
- диуретици кои штедат калиум
- осмотски диуретици
- инхибитори на јаглеродната анхидраза
Историја
уредиДо 1957 година, единствени ефикасни достапни диуретици биле интравенските и интрамускулни живини агенси, чија употреба била проблематична; нивната употреба била ограничена само на пациенти со срцева слабост.[1] Во 1937 и 1938, истражување за механизмот на ацидемија која ја предизвикуваат сулфонамидите покажало дека тие исто така имаат и диуретичен ефект, при што оралната диуретична терапија станала возможна.[1] Седум години подоцна, развојот на ацетазоламидот, инхибитор на јаглеродната анхидраза, помогнал да се разбере механизмот на ацидификацијата на урината и диурезата во бубрежните тубули.[1]