Дискретен систем ― систем со бројлив број на состојби според теоретската информатика. Дискретните системи може да се споредат со продолжните системи, кои исто така може да се наречат аналогни системи. Конечниот дискретен систем често се моделира со насочен граф и се анализира за точност и сложеност според пресметковната теорија. Бидејќи дискретните системи имаат бројлив број на состојби, тие може да се опишат во прецизни математички модели.

Сметач е конечен автомат кој може да биде гледан како дискретен систем. Бидејќи сметачите често се користат за моделирање не само на други дискретни системи, туку и на продолжни системи, развиени се методи за да се претстават продолжните системи од вистинскиот свет како дискретни системи. Еден таков метод вклучува земање примероци од продолжен сигнал во дискретни временски интервали.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  • Hopcroft, John E.; Rajeev Motwani; Jeffrey D. Ullman (2001). Introduction to Automata Theory, Languages, and Computation (2. изд.). Reading Mass: Addison-Wesley. ISBN 0-201-44124-1.
  • Benjamin C. Kuo (1995). Digital Control Systems (2. изд.). Соединети Држави: Oxford University Press. ISBN 0-19-512064-7.