Директива за прекугранични спојувања
Директивата за прекугранични спојувања или Европска директива 2005/56 е правен документ на Европската Унија со кој се регулира проблематиката на прекуграничните спојувања меѓу трговските друштва. Директивата била донесена на 26 октомври 2005 година, а во службениот весник била објавена на 25 ноември 2005 година.[1]
Опис
уредиДирективата 2005/56 воведе поставила правна основа во рамките на Европската Унија за хармонизација на законодавството во однос на прекуграничните спојувања. Директивата била инспирирана од Третата директива на Европскиот совет за националните спојувања на јавните друштва со ограничена одговорност. Третата директива признавала два вида спојувања: со преземање или со формирање, и дозволи за пренос на средства со имплициран континуитет на сопственост.
Директивата 2005/56 се однесува на спојувањата во кои учествуваат најмалку две трговски друштва од различни земји-членки на ЕУ (а подоцна била проширена на друштвата од Европската економска заедница). Директивата за прекугранично спојување се однесува само на друштвата со ограничена одговорност формирани во согласност со законот на земјата-членка на ЕУ или ЕЕА. Нејзината цел е да ги овласти и регулира прекуграничните спојувања без ликвидација и автоматскиот трансфер на средствата и обврските кон субјектот што произлегува од спојувањето. Директивата дефинира три типа спојувања:[2]
- спојување со апсорпција,
- спојување со создавање ново трговско друштво
- спојување на подружница во нејзиниот родител.
Секое правно лице кое учествува во процесите на спојување и преземање е предмет на националните правни прописи, додека Директивата за прекугранично спојување содржи само конечни, посебни прописи за одредени точки.
Наводи
уреди- ↑ Directive 2005/56/EC of the European Parliament and of the Council of 26 October 2005 on cross - border mergers of limited liability companies, Official Journal 310 of 25.11.2005.
- ↑ Directive 2005/56/EC of the European Parliament and of the Council of 26 October 2005 on cross-border mergers of limited liability companies.