Дете и светулка
„Дете и светулка“ — стихозбирка за деца на македонскиот писател Живко Ризовски од 1995 година.
Содржина
уредиЗбирката содржи 44 песни:[1]
- Сон
- Умен одговор
- Дете и мравка
- Приспивна песна
- Мачор-астроном
- Зајко ловец
- Песна на болната баба меца
- Медо Медокрадец
- Сладок подарок
- Лоша постапка
- Писмо
- Лошо дело
- Ноќ и зраци
- Првоаприлска шега
- Дете и светулка
- Мравки и зрна
- Песна за мртвата пеперуга
- Врни, врни, дожде
- Есенски разговор
- Приспивна песна
- Зима
- Сивка горделивка
- Облачиња бели
- Предзнак
- Што шепоти дождот
- Полноќ
- До кога
- Славејот дојде
- Птицата, морето, детето
- Утрински игри
- Снешко-Митев
- Песната на една жаба
- Умниот Глу
- Малите шахисти
- Рибарска незгода
- Вредно дете
- Жална вест
- Јунак дете
- Полскиот веселник
- Лажна вест
- Јунакот наш Ѓошо денес мина лошо
- Добро дело
- Чија е сликата
- Вечно гладен
Технички одлики
уредиКнигата, со димензии од 20 сантиметри и со обем од 59 страници, е објавена од издавачката куќа „Наша книга“, во рамки на едицијата „Детски свет“. Ликовно-графичкото уредување го направил Томислав Филиповски, а коректурата е дело на Благородна Билбиловска. Книгата е испечатена во ЗОП „Нова книга“, во Скопје, а со финансиска помош од Министерството за култура на Република Македонија. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-47-006-5. Авторот им ја посветил книгата на неговите сестри Марија и Виолета.[1]