Ден на слободата (Јужна Африка)
Денот на слободата е државен празник во Јужна Африка кој се слави на 27 април.[1] Се одбележува на денот на првите избори по апартхејдот одржани во 1994 година и на ден на воведувањето на новиот устав. Изборите биле првите национални избори на кои им било дозволено да гласаат на сите луѓе кои биле на гласачка возраст над 18 години од која било расна група[2].
Овој ден е дел од дванаесетте државни празници утврдени со Законот за државни празници (бр. 36 од 1994 година).
На првата комеморација на празникот, претседателот Нелсон Мандела се обратил со следните зборови до Парламентот:[3]
„Како што се роди нова зора на овој ден, на 27 април 1994 година, малкумина од нас можеа да го потиснат избувнувањето на емоциите, бидејќи се потсетивме на страшното минато од кое доаѓаме како народ; големите можности што сега ги имаме и светлата иднина што нè повикува. И така, денес се собираме овде, и во другите делови на земјата, за да одбележиме историски ден во животот на нашата нација. Каде и да се Јужноафриканците ширум светот, нашите срца чукаат како едно, додека ја обновуваме нашата заедничка лојалност кон нашата земја и нашата посветеност кон нејзината иднина“.
Денот на слободата е годишна прослава што се одржува на 27 април во Јужна Африка. Денот ги потсетува Јужноафриканците на неизмерните жртви направени од поединци и нации за да ги оттргнат од синџирите на неправедната сегрегација од страна на неколку индивидуи. Денот ги потсетува на напорите на нивните национални херои, особено на Нелсон Мандела. Тој се смета за лидер на слободата, не само во Јужна Африка, туку и во целиот свет. Тоа е ден кој не само што ја одбележува еманципацијата на Јужноафриканците од апартхејдот, туку и ден кога им се вратени нивните суштински човекови права во 1994 година.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Public Holidays Act, 1994 [No. 36 of 1994] - G 16136“. saflii.org. Посетено на 2021-04-25.
- ↑ „South Africa: Voters registration“. Electoral Institute for Sustainable Democracy in Africa. Архивирано од изворникот на 4 July 2015. Посетено на 27 April 2015.
- ↑ „Freedom Day: 27 April“. South African History Online. Архивирано од изворникот на 28 March 2023. Посетено на 2021-04-25.
- ↑ Mirzaliyeva, Maysara (2022-08-16). „Freedom Day (South Africa)“. National Today (англиски). Посетено на 2023-05-19.