Дебридман
Дебридман претставува хируршко отстранување на мртво, оштетено или инфицирано ткиво со цел да се подобри потенцијалот за заздравување на останатото здраво ткиво[1][2]. Отстранувањето може да биде хируршко, механичко, хемиско, автолитично (самоварење) и со терапија со црви при која одредени видови живи црви го јадат само некрозното ткиво.
Дебридман | |
---|---|
Медицинска процедура | |
Хируршки дебридман на некротично ткиво од лева нога на пациент. | |
ICD-10-PCS | 0?D |
MeSH | D003646 |
Дебридманот кај оралната хигиена и стоматологијата подразбира отстранување на наталожената плака и каменецот од забите. Во овој случај, дебридман може да се изведе со ултразвучни инструменти кои го кршат каменецот и со тоа го олеснуваат отстранувањето. Можат да се користат и рачни алати, на пример, периодонтален скалер и кирети или хемикалии како што е водород пероксид.
Кај педикирството, тврдата кожа, плускавиците и брадавиците на стапалата ги отстрануваат лица обучени за педикир или за нега на стапала. Дебридманот е важен дел од процесот на заздравување на изгореници и други сериозни рани. Се користи и при лечење на одредени каснувања од змија или пајак.
Понекогаш, границите на проблематичното ткиво не се јасно одредени. На пример, кога се отстранува тумор, може да има микрометастази долж краевите на туморот кои се премногу мали за да се забележат и доколку не се отстранат, туморот може повторно да се појави. Во вакви околности, хирургот може да отстрани што е можно помалку од околното здраво ткиво за да обезбеди дека туморот е целосно отстранет.
Видови дебридман на рана
уредиАвтолитичен дебридман
уредиАвтолизата ги користи ензимите и влажноста на телото за повторно да ја хидритира, омекне и растопи есхарата и да го отфрли мртвото ткиво. При автолитичниот дебридман се растопува само некрозното ткиво. Постапката исто така е и скоро безболна. Автолитичниот дебридман може да се постигне со користење на затворени или полузатворени преврски со кои течноста од раната допира до некрозното ткиво. Оваа постапка може да се изврши со хидроколоиди, хидрогелови и провидни фолии. Овој метод најдобро функционира кај рани во трета или четврта етапа за да го ублажи ексудатот.
Ензиматски дебридман
уредиХемиските ензими бргу дејствуваат и го отфрлаат некрозното ткиво. Некои ензими се селективни, а некои не. Овој метод најдобро дејствува кај која било рана со голема количина на некрозни отпадоци или кај рана со есхара.
Механички дебридман
уредиОваа техника со децении се користи при негување на рани. Со неа се врши еден вид на неселективен дебридман бидејќи се остава преврската да премине од влажна во сува, а потоа рачно се отстранува. Овој метод најдобро се покажал кај рани со умерена количина на некрозни отпадоци.
Хируршки дебридман
уредиНајбрзи методи на дебридман се остриот хируршки дебридман и дебридман со ласер. Тие се селективни односно лицето кое го извршува дебридманот одлучува за тоа кое ткиво се отстранува, а кое се остава. Хируршкиот дебридман може да се изведе во операциона сала или покрај креветот на пациентот зависно од големината на некрозното ткиво. Овој метод е најдобар кај рани со голема количина на некрозно ткиво проследено со инфицирано ткиво.
Наводи
уреди- ↑ „debridement“. merriam-webster.com. Посетено на 5 September 2013.
- ↑ „Understand Debridement Before You Regret – Why you Need Debridement“. HealthNmedicarE (англиски). 2018-03-24. Архивирано од изворникот на 2018-04-09. Посетено на 2018-04-08.