Дванаесет аџиски приказни
Дванаесет аџиски приказни (шпански: Doce cuentos peregrinos) е збирка раскази од колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.
Расказите во оваа книга биле напишани во 1970-те и 1980-те, а објавени во 1992.
Дванаесетте раскази се:
- Среќен пат, господине претседателе (Buen viaje, señor presidente)
- Светица (La santa)
- Лет со заспаната убавица (El avión de la bella durmiente)
- Ги изнајмувам своите соништа (Me alquilo para soñar)
- „Дојдов само да телефонирам“ (Solo vine a hablar por teléfono)
- Августовски сеништа (Espantos de август)
- Марија дос Празерес (Maria dos Prazeres)
- Седумнаесетмина отруени Англичани (Diecisiete ingleses envenenados)
- Трамонтана (Tramontana)
- Среќното лето на госпоѓа Форбес (El verano feliz de la señora Forbes)
- Светлото е како вода (La luz es como el agua)
- Трага од твојата крв во снегот (El rastro de tu sangre en la nieve)