Даринка Пачемска Петреска

Даринка Пачемска Петреска (Берово, ноември 1946 - Скопје, февруари 2012), македонски историчар и универзитетски професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ при Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за Историја.

Животопис уреди

Даринка Г. Пачемска Петреска е родена на 3 ноември 1946 година во Берово. Гимназија завршила во Струмица. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за историја во 1970 година. Магистрирала на истиот факултет во 1976 година. Во академската 1997/98 година била на студиски престој во Париз, Франција. Во 1987 година докториррала на Филозофскиот факултет во Скопје и се стекнала со научен степен доктор на историски науки. По дипломирањето на 1970 година се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје, каде ги поминала сите соработнички и наставнички звања: асистент, предавач, доцент, вонреден професор и од 1998 година редовен професор на Институтот за историја. Била раководител на Институтот за историја од 1999 до 2001 година и од 2001 година била раководител на последипломски студии, главен и одговорен уредникк на списанитето Историја (1996-2000), како и ментор на бројни дипломски работи, магистерски и докторски дисертации.

На 25 февруари 2012 година починала како редовен професор на Филозофскиот факултет.[1]

Библиографија уреди

Во нејзиното творештво се бави со методика на наставата по историја, Историјата на секојдневниот живот во Македонија и меѓувоениот период од историјата на Македонија, Балканот и Европа.

Нејзини научни статии се:

  • Атанас Раздолов и идејата за заедништвото на балканските народи, Списание Историја бр. 20-2, ЗИРМ, Скопје 1984
  • Бугарски револуционери во Македонското револуционерно и националноослободително движење во крајот на XIX век и првите децении на XX век, Зборник на ФЗФ 57, Скопје 2004
  • Дејноста на Петре Пирузе Мајски по заминувањето на ГШ и единиците на НОВМ од Дебарца до враќањето на Првата македонско-косовска ударна бригада (декември 1943 – мај 1944), Списание Историја бр. 29 1-2, ЗИРМ, Скопје 1993
  • Драматизација во наставата по историја (заедно со В. Ачкоска), Списание Историја бр. 40 1-2, ЗИРМ, Скопје 2004
  • Иницијалната (базичната) и перманентната обука на наставниците по историја во Република Македонија, Списание Историја бр. 36 1-2, ЗИРМ, Скопје 2000
  • Истражувањето како метод во современата настава по историја, Списание Историја бр. 39 1-2, ЗИРМ, Скопје 2003
  • Концепциите за остварување на македонската држава меѓу двете светски војни и конституирањето на АСНОМска Македонија како национална држава на македонскиот народ, Зборник на ФЗФ 58, Скопје 2005
  • Обид за обединување на сите сили во македонското национално-ослободителнот движење врз една прогресивна политичка платформа во 1924 година, Списание Историја бр. 14-1, ЗИРМ, Скопје 1978
  • Општествено политичката положба во Малешевијата од крајот на првата светска војна до 1921 година, Списание Историја бр. 28, ЗИРМ, Скопје 1992
  • Писмо од монах Кирил (Венцеслав Парѓоски) до Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Македонија од 25 февруари 1945 година, Списание Историја бр. 36 1-2, ЗИРМ, Скопје 2000
  • Политиката, идеологијата и македонската историографија 1944-1953 г., Зборник на ФЗФ 59, Скопје 2006
  • Сведоштва од претставниците на великосрпскиот режим за самоволијата и насилствата на српските контрачети во Брегалничката област во 1923-1924 година, Списание Историја бр.30 1-2, ЗИРМ, Скопје 1994
  • Улогата на напредните студенти во стручните здруженија на Филозофскиот факултет во Скопје во годините пред априлската војна (1938–1941), Списание Историја бр. 17-1, ЗИРМ, Скопје 1981
  • Француската напредна јавност против режимот на Шесто јануарската диктатура во Вардарска Македонија, Списание Историја бр. 16, ЗИРМ, Скопје 1980
  • Црковните прилики во Малешевијата меѓу двете светски војни, Списание Историја бр. 37 1-2, ЗИРМ, Скопје 2001