Данишменд ― учен мудрец, стажант кај кадијата.[1]

Тој е личност кој во Турското Царство посетувал настава во висока медреса, избиран од најдобрите завршени ученици од пониските медреси. Секој од нив примал по две акчиња дневно од завештаните фондови за храна од имаретот. Најдобриот од нив бил определуван од страна на мудерисот за негов помошник со задача да ги повторува лекциите заедно со студентите и да се грижи за дисциплината. Неговата плата изнесувала пет акчиња.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 141–142. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)