Далија (Георгина) е повеќегодишно растение од семејството Asteraceae. Портеклото ѝ е од Мексико, Средна Америка и Колумбија. Има повеќе од 36 видови и многу врсти на оваа билка. Постојат ниски од 10–15 cm и високи до 1,5 m. Постојат: ниска еднострука, висока бијела, кактус далија, далија помпом, итн. Тие сакаат сончева светлина и најдобро успеваат каде што ја има многу. Потребно е да се наводнуваат само за време на суша. На пролет се садат 6 недели по завршување на последните мразови. Најдобро се размножуваат со сеење на семе. Осетливи се на ниски температури, и затоа цветаат преку лето, а и при првите мразови. Поради развивањето на пупката не смеат да се садат длабоко во земјата. За растението повеќе да цвета, старите цветови се кинат и се оставаат за семе. Далијата ги привлекува пчелите.

Портокалова Далија

Историја и потекло

уреди

Потекнува од Мексико, Средна Америка и Колумбија. Ботаничарте кои ги придружувале шпанските колониски во текот на истражувањето во Мексико први ги откриле. Доморотците го користеле стеблото на далијата (dahlia imperialis – дрво од далија) за да донесат вода преку планинските потоци во својте села. Далиите ги открилле во 16 век, а во Европа ги донеле во 1789. година (dahlia coccinea, dahlia pinnata i dahlia rosea). Во почетокот, далијата се сметала за зеленчук, па и за таа намена се користела. И шведскиот ботаничар, Андреас Дахл, по кое е добило име, го сметал за зеленчук. Во почеткот на 1800 година во Белгија е посадена првата дупла далија. По тоа сè повеќе се користеле како украс.

Семе

уреди

Секоја растителна врста ема семе на далија. Семето се собира од ниски едноструки и од пар на високи брсти. Многу врсти на растението немаат семе, туку се размножуваат со двоење на ластари или калемење. Едноструките далии посеани на пролет на сончево место многу брзо растат и цветаат. Во текот на растот се формираат млади ластари кои се садат следната година.

Паразити и болести

уреди

Паразити на далијата се полжавите, како и растителните вошки, посебно црните вошки. Честа болест со која се заразуваат е пепелницата, која најчесто ги напаѓаат слабите билки. Се појавуваат за време на суша, но ретко се случува да ја нападне целата билка.