Дабов лишај
Дабов лишај | |
---|---|
Научна класификација | |
Ред: | Lecanorales (L.) Ach. (1810) |
Род: | Evernia |
Вид: | E. prunastri |
Evernia prunastri | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | |
Дивизија: | |
Класа: | |
Ред: | |
Породица: | |
Род: | |
Врста: | E. prunastri
|
Биномно име | |
Evernia prunastri | |
Синоними | |
Lichen prunastri L. (1753) |
Дабов лишај или Evernia prunastri е вид лишај. Може да се најде во многу умерени планински шуми низ северната полутопка, вклучувајќи делови од Франција, Португалија, Шпанија, Северна Америка и голем дел од Средна Европа. Првенствено расте на стеблото и гранките на дабовите дрвја, но обично се наоѓа на кората на други листопадни дрвја и четинари, како што се елата и борот. Талусите се грмушести и кратки, најчесто растат во грмушки и имаат облик на еленски рогови. Бојата варира од зелена до зеленикаво-бела кога е сува, и темно маслинесто-жолто-зелена кога е влажна. Текстурата на талусот е груба кога е сува и гумена кога е влажна. Долго време се користи во модерно производство на парфеми.
Комерцијална употреба
уредиКомерцијално се бере во земјите од Јужна и Средна Европа и обично се извезува во Франција, каде што неговите миризливи соединенија се екстрахираат и се користат во индустријата. Овие суровини често се користат како фиксатори на парфеми и ги формираат основните ноти на многу мириси. Лишајот има изразен и сложен мирис и може да се опише како дрвенест, остар и помалку сладок.