Друштво на ликовните уметници Македонци во Србија
Друштво на ликовните уметници Македонци во Србија ДЛУМС (српскиː Друштво ликовних уметника Македонаца у Србији) — невладино и непрофитабилно здружение на ликовни уметници Македонци кои живеат и работат на територијата на Србија. Целта на друштвото е да ја негува и зачува врската со македонската култура и со здруженијата на уметници од Македонија и да се зголеми организацијата на уметниците на квалитетен и професионален начин преку воспоставување на соработка со други здруженија и културни институции кои имаат исти или слични цели од Србија и од странство, Здружението на уметници од Србија и Меѓународната асоцијација на ликовни уметници. Претседател на дружението е Васил Галев (сос. 2019).[1]
Како основачи на друштвото се јавиле неколку академски признати уметници кои живееле и работеле во Белград и во други делови на Србија долго време. Како членови на Македонското здружение на Македонци во Србија, "Македониум", во 2012 година се дошло до идејата за формирање на денешното здружение "ДЛУМС". Меѓу првите основачи се: Даница Петровска, Мирјана Крстевска, Славе Ајтоски, Борис Мациев, Киро Станковски, Васил Галев, Димитар Чудов и Владислав Коцарев.
Друштвото организира по неколку изложби годишно.[2]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Ниш: Стваралаштво Македонаца у Србији
- ↑ „ДОПИР НА МАКЕДОНИЈА“. Архивирано од изворникот на 2018-10-30. Посетено на 2019-03-20.